Вторник, 23 Јануари 2024    PDF Печати Е-пошта
Владата на СДС и ДУИ е криминална и коруптивна

1vmro 5

На последниот ден пред заминување од премиерската позиција Ковачевски наместо да им се извини на граѓаните, одбра да лаже. Владата на СДС и ДУИ е криминална и коруптивна

Димитар Ковачевски на ден пред заминување од функцијата премиер, наместо да собере храброст и да им се извини на граѓаните за сите лаги, манипулации и неправди, одбра да лаже.

Наместо година на европски можности, за владата на СДС и ДУИ 2023 година беше година на криминал, корупција, скандали, афери, тендери, како и сите овие 8 години.

Македонија со СДС, ДУИ и Ковачевски тоне на секое поле.

Да беше толку “успешна“ владата на Ковачевски, немаше земјоделците изминатите 8 години да протестираат поради слаб откуп и ниски цени секоја година.

Да беше толку “успешна“ владата на Ковачевски ќе обезбедеше навремено учебници за учениците.

Да беше толку “успешна“ владата на Ковачевски ќе обезбедеше лекови за сите граѓани, а не само за неколкумина, или пак ќе ги изградеше Клиничките центри во Скопје и Штип, или пак ќе ги задржеше докторите во државата, наместо тие да си одат.

Да беше “успешна“ владата на Ковачевски за 8 години ќе го доизградеше автопатот Кичево Охрид, наместо само да потпишува анекси за милионски суми, или пак Скопје-Блаце, чија изградба е само 2 километри или пак ќе ја изградеше железничката пруга до Бугарија, или експресниот пат од Градско до Прилеп.

Да беше “успешна“ владата на Ковачевски до сега ќе бевме земја која почнала преговори со ЕУ, наместо земја понижени пред другите земји од соседството и членките на ЕУ.

“Успешноста“ на владата на Ковачевски се гледа и во тоа што пола функционери се на црната листа на САД.

“Успешноста“ на владата на Ковачевски се гледа и во тоа што 600.000 наши сограѓани живеат на прагот на сиромаштијата, додека младите се иселуваат, а Македонија се празни.

Ковачевски е најслабиот премиер во независна Македонија кој на нелегитимен начин беше поставен, за да ги исполнува барањата на Ахмети и ДУИ.

Ковачевски не учествувал на избори и затоа не е свесен за своите неуспеси, но неговото заврши.

Владата на СДС и ДУИ е криминална и коруптивна.

Нема никаква европска вредност во владата на СДС, ДУИ и Ковачевски. Ковачевски секогаш кога сака да се затскрие зад својот криминал и криминалот на ДУИ се фали дека владата му била европска.

Со СДС и ДУИ никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!

Граѓаните на 8 мај ќе изберат нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, нова надеж и нова иднина.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.