Недела, 04 Февруари 2024    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски од Тринген: На Македонија и треба целосна трансформација

1nik999

Мицкоски од Тринген: На Македонија и треба целосна трансформација, сите заедно да се обединиме за голема победа на ВМРО-ДПМНЕ на 8 мај, а потоа да работиме и дијаспората да се враќа дома

Од ова место можеме сите ние заедно да си признаеме дека за жал генерациите кои го наследија македонскиот великан Гоце Делчев можеби не успеаја во тоа што тој го остави како свој аманет. За жал многумина во минатото неговите зборови поинаку ги протолкуваа, или не ги разбраа доволно и затоа денеска Македонија и македонскиот народ како еден од најмалкубројните народи во Европа, се наоѓаат под предизвикот на опстојување, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на средба со македонската заедница во Тринген, Швајцарија.

Мицкоски истакна дека после 8 мај и новата влада на ВМРО-ДПМНЕ се ќе биде поинаку, а прва задача ќе биде повеќе деца да се крштеваат во Македонија отколку во странство, односно да се вратат луѓето дома.

- Ние како политичари да сториме се што е во наша моќ да овозможиме услови нашата дијаспора да се врати дома, да живее, инвестира и биде задоволна. Сакам следната ваква средба да ја направиме со историски најголемата победа на 8 мај дома во Македонија, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека изминатиов период ВМРО-ДПМНЕ беше исправена пред бројни предизвици, но, издржа, успеа и денес се наоѓа пред историска победа

- Успеавме издржавме и денеска можеме да бидеме горди дека после историската борба на локалните избори во 2021 година кога за прв пат политичка партија од позиција на опозиција освои мнозинство, сега сме пред историска победа на парламентарните и претседателските избори како никогаш досега. Таа победа мора да биде со консолидиран број 61 пратеници, затоа што победата нема да биде доволна само за обични реформи, нас ни треба целосна трансформација на Македонија. Оваа генерација политичари на ВМРО-ДПМНЕ која ќе има можност да ја води Македонија и да работи само за интересот на Македонија, македонскиот народ и граѓаните на Македонија, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека сојузник на ВМРО-ДПМНЕ му е народот и без народот нема ВМРО-ДПМНЕ, а без ВМРО-ДПМНЕ ја нема Македонија.

- Мотивирани сме знаеме како, сме поминале голем дел од нашето образование и надвор од Македонија, сме поминале многу предизвици заедно како тим, како луѓе, раководство, генерација. Јас сум презадоволен што можам да кажам дека една плејада млади луѓе кои денеска ја имаат можноста да управуваат со општините, општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ, јавните претпријатија, веќе месеци, повеќе од 2 години тоа го прават достоинствено чесно и посветено и покрај сите опструкции со кои се соочуваат. Повеќе од 2 години во Македонија немате ниту еден скандал поврзан со градоначалниците и официјалните лица на локално ниво од страна на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека од друга страна Владата СДСМ и ДУИ на дневна основа генерираат по 2-3 скандали.

Покажавме дека не сме сите исти, дека и со минимални ресурси можеме да постигнеме многу. Од загубари општини, блокирани општини, денеска со гордост можеме да кажеме дека после 2 години, само половина мандат и тоа во услови на Влада на ДУИ и СДСМ голем дел од нив успеаја да го вратат долгот на нивните претходници од редот на СДСМ и да ги одблокираат општините кои со децении биле блокирани, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека за помалку од 2 месеци почнува кампањата, за помалку од 3 месеци ќе биде денот кога македонскиот народ и граѓаните на Македонија силно треба да зборуваат, кажат промени и оваа Влада на СДС и ДУИ да замине и никогаш да не се повтори.

- Ви ветувам дека за тоа што го направија во изминативе 6 и пол години детално ќе се посветам во анализа и одговорност за сторителите ќе има. Да не дозволиме да ја губиме Македонија. Сите заедно да се обединиме и на 8 мај а претходно тука на 24 април да дадеме една голема поддршка на кандидатот за претседател кој ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.