Понеделник, 19 Февруари 2024    PDF Печати Е-пошта
Сајкоски: Владата на СДСМ и ДУИ направи огромни штети во инфраструктурата

7il7

Сајкоски: Владата на СДСМ и ДУИ направи огромни штети во инфраструктурата, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја реализира делницата Кичево - Битола, обиколница кај Ресен, реконструкција на пристаништето во Охрид и многу други проекти

На денешната трибина во организација на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево „Инфраструктурна платформа за иднина“ на тема „Концепт за инвестиции во инфраструктурата“ свое обраќање имаше Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ кој што истакна дека владата на СДСМ и ДУИ нанесе огромни штети во инфраструктурата поради неработењето, криминалот и корупцијата а вети дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе реализира многу проекти како патната делница Кичево -Битола, рехабилитација, реконструкција и асфалтирање на делницата Крушево и патот што го поврзува Кичево со Битола, експресниот пат кој што ќе ги поврзува Меџитлија граничен премин со Грција и автопатот Прилеп - Битола обиколница кај Ресен и реконструкција на пристаништето во Охрид.

„Драги Кичевчани секогаш кога ќе поминувате по автопатот Кичево Охрид присетете се на владата која што направи огромна штета за овој регион сетете се на владата која што има невидена не работа од сите влади до сега, сетете се на една влада која што ветуваше брз проток на стоки а направи нај спор проток на стоки и услуги, сетете се на една влада која зборуваше за раст и развој а донесе невидена стагнација. Сетете се на една влада која  што зборуваше дека ќе има безбедност во сообраќајот а денес ние имаме безброј жртви по патиштата низ Македонија а особено на автопатот Кичево Охрид. Затоа имаме можност таа влада да ја казниме на 24 април и 8 мај заедно сите да укажеме дека ваква влада не треба да има никогаш повеќе“, нагласи Сајкоски.

Сајкоски посочи за огромните штети што ги нанесе оваа влада на СДСМ и ДУИ во инфраструктурата поради неработењето, криминалот и корупцијата.

„Во 2014 година се отпочна со работа патната делница Кичево- Охрид и до 2016 се направи пробивање на патот за околу 55 проценти. За жал наназад кога ќе гледаме ќе видиме дека од 2016 воопшто ништо не е сработено, бараа разни образложенија. Бараа изговори, но вие ќе видите дека таму има корупција не работа криминал, има менување на подизведувачи и тоа е причината, не работата и криминалот зошто не е завршена делницата. Железничкиот сообраќај е на исто така лошо ниво низ нашата држава. Кичево имало железнички сообраќај 1920 година и наместо денес да е модернизиран и да не поврзува сега во 2020 година таа можност им е ускратена затоа што денес ние немаме воопшто сообраќај до Кичево“, истакна Сајкоски.

Сајкоски посочи и неколку проекти кои ќе ги реализира идната влада на ВМРО-ДПМНЕ како патната делница Кичево -Битола, рехабилитација, реконструкција и асфалтирање на делницата Крушево и патот што го поврзува Кичево со Битола, обиколница кај Ресен и реконструкција на пристаништето во Охрид.

„Можам да ветам дека во идната програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе се направи рехабилитација и реконструкција на патната инфраструктура, железничка на Скопје -Кичево и ќе се отпочне со редовно сообраќање на воз на оваа делница. Помош и за граѓаните и стопанството затоа што ова е важна делница. Ќе ја реализираме и патната делница Кичево -Битола рехабилитација, реконструкција и асфалтирање, реконструкција и на делницата Крушево и патот што го поврзува Кичево со Битола и да има поврзување какво што заслужуваат Крушевчани. Ќе се направи и реконструкција на патниот правец Крушево и Кривогаштани на тој начин тој регион ќе го заокружиме. Во план за следниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ е и патниот правец, експресниот пат кој што ќе ги поврзува Меџитлија граничен премин со Грција и автопатот Прилеп - Битола. Проект за обиколница во Ресен и реконструкција на пристаништето во Охрид во соработка и препораки со УНЕСКО“, истакна Сајкоски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.