|
||||
Техничкиот Министер за Труд и Социјала Ѓоко Велковски најде решение: 3200 вработени на УКИМ ќе добијат поголеми плати |
Денеска конечно заврши на одисејата која ја имаа 3200 вработени на универзитетот Св. Кирил и Методиј. На владина седница помина одлуката со која сите вработени на УКИМ согласно колективниот договор добиваат поголеми плати. Одлуката беше заглавена во министерството за труд и социјална политика и доаѓањето на техничкиот министер Ѓоко Велковски започна легалистичкиот процес за решавање на проблемот. На ова претходеше средба со ректорот на УКИМ, Биљана Ангелова и нејзиниот тим, и со претставници на синдикатот, при што се најде решение за признавање на поединечниот колективен договор на УКИМ, а со тоа и зголемување на нивните плати. Зошто до сега не било најдено решение во министерството од претходниците за овој проблем останува енигма. |