Среда, 27 Март 2024    PDF Печати Е-пошта
СЕНЗАЦОНАЛНИ ДОСЕГА НЕПОЗНАТИ ВО НАШАТА ЈАВНОСТ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ НАД МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

                                                     1brk5

                                      МАКЕДОНЦИ И ПРИЈАТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА!

Нова книга - нови сведоштва

ПОДДРЖЕТЕ ГО ОБЈАВУВАЊЕТО КНИГА (БРОШУРА) ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА СО ДОСЕГА КАЈ НАС НЕОБЈАВЕНИ СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ОД ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА!!!

ПОМОГНЕТЕ ЈАВНОСТА ДА БИДЕ ЗАПОЗНАТА СО ДОСЕГА НЕОБЈАВЕНО ИНТЕРВЈУ СО ГЕНЕРАЛ МАРКОС ОД 1947 ГОДИНА ВО КОЕ ЈАСНО ГИ ПРИЗНАВА МАКЕДОНЦИТЕ КАКО ПОСЕБНА НАЦИЈА!

ПОМОГНЕТЕ ЈАВНОСТА ДА ДОЗНАЕ ЗА ДОСЕГА КАЈ НАС НЕОБЈАВЕНИ СВЕДОШТВА ОД КОМАНДАНТИ НА ДАГ ЗА УЖАСНИОТ ТЕРОР ШТО БИЛ ВРШЕН ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА!

Во јавноста е малку познато дека во екот на Граѓанската војна во Грција група странски новинари го посетиле егејскиот дел на Македонија. Еден од нив (етнички Евреин) потоа своите доживувања и записи ги објавил во обемна книга од близу 400 страници), која досега не е објавена во Македонија. Во книгата, освен описите на градовите и селата во егејскиот дел на Македонија и луѓето во нив, објавени се и ексклузивни интервјуа лично со водачот на ДАГ генерал Маркос, како и со други команданти на ДАГ. Во своите изјави сите тие (а пред се генерал Маркос) јасно сведочат за постоењето на Македонците во егејскиот дел на Македонија (иако главно ги нарекуваат „Славомакедонци“ или „Словени“), а сведочат и за теророт што Македонците го доживувале од сите грчки влади од по Балканските војни, па наваму. Во книгата се интервјуирани и Македонци борци на ДАГ кои исто така јасно се декларираат како Македонци.

Како илустрација за страотните сведоштва за теророт на грчките монархофашисти против Македонците пренесуваме дел од изјавата на припадникот на ДАГ Ламбринас, која ја дал пред присутните новинари,а која е објавена во книгата на еврејскиот новинар:

„...Деспина и Аницис Кавреки беа мачени со струја за да ја предадат илегалната печатница. Но, тие не ја предадоа и затоа ги убија! А другарот Вирон Хаџи го убија во Ксеномер. Другарката Христина Кјатипи од селото Алино ја силуваа и ја обесија со главата надолу со бајонет забоден во нејзината осквернавена женственост. Ја симнавме мртва од дрвото круша додека роеви црни мушички излегуваа од неа. Десет припаднички на ЕАМ од Агио Пантелејмон  беа силувани и тепани со стапови, а потоа беа врзани со каиши за стругарата како во Средниот век. А Деспотос, млад работник во истата стругара, жив го исекоа долж неговото тело со двојна пила како што се  сечат талпите. А неговата бремена жена ја пресекоа на три дела од главата до стомакот...“

Постојат и други вакви страотни сведоштва за теророт врз Македонците, кои никого нема да го остават рамнодушен и со кои треба да биде запозната и меѓународната јавност.

Наведуваме и изјава од интервјуто со  генерал Маркос објавено во оваа книга:

За краткото време на власта на ЕАМ од септември до декември 1944 година Славомакедонците имаа можност да се уверат дека нивните надежи не беа залудни. Тие тогаш рамноправно, заедно со грчкиот народ, уживаа во плодовите на слободата. Тие слободно зборуваа на својот јазик, печатеа свои весници, отвораа училишта во кои се предаваше нивната историја...“

Во книгата  ќе пренесеме и други уште подецидни сведоштва за постоењето на Македонците во егејскиот дел на Македонија дадени од страна на грчки субјекти.

Каков ефект може да се очекува од книгата?

Овој сензационален материјал ќе предизвика голем интерес во јавноста, кај нас и во Грција, а посебна тежина на ова дава фактот што неговиот автор е етнички Евреин. Книгата во оригинал има нешто помалку од 400 страници, но за наши услови, т.е. за да се постигне посакуваната цел, доволно ќе биде од неа да се издвојат стотина страници со најударните содржини.

Потоа овие страници би биле оформени во брошура, која прво би била преведена на македонски, а потоа и на англиски и на грчки јазик, по што во електронска форма би се испратила на сите евро-парламентарци, а би била поставена и на интернет на слободно симнување.

Посебно е важно објавувањето на оваа книга на грчки јазик!  Во случајов, интервјуто на генерал Маркос и на други Грци кои признаваат постоење на Македонци во Грција, несомнено  ќе предизвика голем интерес кај Македонците во егејскиот дел на Македонија, но и кај поедини Грци на кои ќе им укаже дека во не така далечното минато постоеле Грци кои рамо до рамо со Македоцните се бореле за правда во својата држава. Секако дека своја улога ќе одиграат и англиската и македонската верзија и тоа не треба посебно да се елаборира.

Цена на чинење

Цената за успешна реализација на овој проект би била 900 ЕУР (1.500 АУСД). Во оваа цена е вклучено:

-Избор на најударните стотина  страници од книгата.

-Превод на избраните стотина страници на македонски јазик

-Превод на избраните стотина страници од книгата на англиски јазик

-Превод на избраните стотина страници од книгата на грчки јазик (од страна на лице од егејскиот дел со кого и досега сме соработувале).

-Пишување воведен текст и дополнителни објаснувања во врска со содржината на книгата.

-Техничко уредување на сите три изданија на книгата (македонско, англиско и грчко)

-Распространување (дистрибуција) на книгата на стотици е-маил адреси и нејзино медиумско претставување.

Одговорни за реализација на овој проект се МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј Австралија, на чело со претседателот Душан Ристевски и Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип на чело со претседателот Стојан Димков.

Изведувач на проектот е нашиот познат историчар Александар Донски, кој ги пронајде овие исклучително вредни сведоштва.

Името на сите спонзори на овој проект ќе бидат јавно пишани во сите верзии од книгата (секако доколку тоа го сакаат), па ако се има предвид дека книгата ќе биде читана од илјадници луѓе, имињата на овие патриоти трајно ќе останат овековечени за сите идни генерации Македонци!

За натамошни контакти во врска со овој проект контактирајте со Душан Ристевски на  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  или со авторот на проектот Александар Донски на  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  .

DOOM МН

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.