|
||||
ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот, уставни измени под бугарски диктат нема! |
Клековски
Да нема никакви дилеми, евроатланската ориентација на ВМРО-ДПМНЕ е неспорна. Прашањето е кој патоказот, балансот и компромисот кој што треба да се направи на тој пат, вели Сашо Клековски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на ваша страна.Клековски истакна дека ставот на партијата за уставните измени и внесувањето на Бугарите во Преамбулата останува непроменет, а тоа е дека нема да прифатат уставни измени под закани и уцени. Ние јасно го отфрливме францускиот предлог и нашиот став по тоа прашање е непроменлив. Уставни измени и заклучување на етничките Бугари во Преамбулата под уцени и диктат нема да се случат. Клековски ги отфрли обвинувањата од страна на СДС дека ВМРО-ДПМНЕ ја носи државата кон изолација и додаде дека тие во минатото дале три предлози кои што биле неприфатливи од страна на актуелната влада. Ние и претходно дадовме повеќе опции кои се за нас прифатливи.
Првата беше премолчена од повеќе политички фактори, а тоа е измена на уставот по хрватскиот модел.
Втората опција е стапување на сила на измените на Уставот со членството со ЕУ, за да се оневозможат понатамошни уцени.
Tретата опција беше знак на добра волја на Бугарија.
Ние не бараме реципроцитет Македонците да се внесат во уставот на Бугарија, ние бараме да се почитуваат пресудите на Стразбуг и да се овозможи формирање на здруженија на Македонците во Бугарија, посочи Клековски. |