Среда, 27 Март 2024    PDF Печати Е-пошта
Потребно е да се напредува според квалитет

1t8

Мицкоски: Балансерот за вработување до сега се злоупотребуваше и фрустрираше, потребно е да се напредува според квалитет

 „Од она што во јавноста не е познато, но еве сега сакам да го кажам е тоа дека балансерот како алатка беше донесен со цел да практично имаме правилна застапеност во рамките на институциите зборам на не мнозинските етнички заедници и практично тој својата цел ја исполни. Денеска ако ги видите процентите ќе дојдете до овој заклучок дека имаме правилна односно правична застапеност во рамките на институциите од страна на не мнозинските заедници“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Дневникот на МРТ 1.

Претседателот Мицкоски продолжи и додаде дека балансерот сега претставува товар и предизвикува фрустрација.

„Сега веќе претставува товар, бидејќи предизвикува фрустрација кај луѓето кој не сакаат да бидат таму затоа што се дел од некаква етничка заедница туку затоа што сакаат да напредуваат врз основа на мерит системот и врз основа на своите квалитети“, посочи Мицкоски.

Претседателот Мицкоски рече дека потребно е создавање на општество во кое ќе се напредува по мерит систем и квалитетот на индивидуата.

„Ако целта е постигната, тогаш зошто да создаваме фрустрација кај граѓаните во Македонија затоа што навистина не ја гледам потребата да од тоа ние оваа алатка искористувајќи ја создаваме фрустрација кај македонските граѓани. Сега или сме искрени и сакаме да создадеме општество во кое ќе се напредува по мерит системот односно според квалитетот на индивидуата или ќе создадеме општество кое ќе се води по етнократијата“, вели Мицкоски.

Претседателот Мицкоски истакна дека не гледа кој би бил аргументот контра на идниот партнер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ да е против укинувањето на балансерот.

„Не гледам причина зошто и кое би бил аргументот контра на идниот партнер на ВМРО-ДПМНЕ во Владата со кој би настапил а да не го прифати укинувањето на алатката балансер и овозможување на граѓаните на Македонија да напредуваат по мерит системот и врз основа на квалитетите што ги поседуваат“, заклучи Мицкоски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.