Петок, 19 Април 2024    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Гласајте за нас нема да ве изневериме

Ohrid 18.4 1

Дел од обраќањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид

 

1alib1

Сакам да се обратам до сите христијани, муслимани, евреи,  бидете со нас, ние ќе ви бидеме вашата потпора и грб, и со нас ќе ви биде подобро, ќе има работа, ќе има реформи и подобар живот.

Ohrid 18.4 11

4орх4

Еден пријател Албанец со кого се знам долги години, сме семејни пријатели, ми вели некои имаат впечаток дека со ова што ВМРО-ДПМНЕ го напаѓа ДУИ му прави услуга на ДУИ и му го качува рејтингот. Јас му велам, не ги потценувај Албанците. Албанците се мудри и еснафи. Гледаат, знаат. И тие не се среќни во Македонија. И нивните деца и внуци си бегаат надвор. Сигурно не бегаат затоа што ДУИ добро владее. Напротив. Бегаат затоа што гледаат дека од ДУИ бел ден не можат да видат. Им пречи што се краде, а тие се секој ден се посиромашни, им пречи што Артан вози коли на фирми кои добиваат тендери по институциите, додека тие едвај врзуваат крај со крај, им пречи што нема учебници во училиштата затоа што фирма блиска до Артан зела тендер за печатење учебници и си поделиле пари, а книги нема. 

И на Албанците како и на Македонците им пречи што сите продукти во продавниците се поскапени до облаци. И имаме највисока инфлација во регионот. Од лидери во регионот станавме последна дупка овие 6 и половина години. Овие 6 и половина години се години на пропаст, и со право кај и да одиме луѓето, Македонците, Албанците, Турците, Србите, Ромите, Бошњаците, Власите, буквално сите граѓани ни велат дека немаме држава, веќе ја немаме Македонија онаква каква што ја сакаме.

Се обраќам до Албанците: Гласајте за нас, ќе живеете подобро од сега, ќе работиме заедно за соживот и развој на Македонија.

Се обраќам до Турците: Секогаш сте ја поддржувале независна и самостојна Македонија, и со нас сте биле во сите наши победи и порази овие 30 години, и сега можеме заедно и ќе направиме повеќе.

Се обраќам до Ромите: Заедно да се бориме против сиромаштијата, да направиме нови победи и успеси за нашата иднина.

Сакам да се обратам до Србите во Македонија споделуваме заеднички грижи и се бориме за заеднички вредности. Македонија е наша заедничка земја и вие сте потребни во оваа наша борба.

До Власите секогаш заедно со нас сте ги воделе сите битки, така е и овој пат. И ќе победиме. Ќе победиме сите заедно.

До Бошњаците мораме да изградиме општество на здрави темели, подаваме рака, и вие тоа го прифаќате. Дојдете со нас, за да имаме заедничка иднина.

Проблемите не ги одбираат луѓето ни времето во кое доаѓаат. Сега дошле. И наша е одговорноста да ги решаваме и да направиме подобро. Да има раст и развој, да има соживот, да има среќен и задоволен народ.

Ветуваа живот - го уништија животот на илјадници луѓе, ветуваа Европа, не заглавија во корумпирана држава без пасоши, ветуваа просперитет и благосостојба донесоа апатија и разочарувања.

Стојам денес пред вас на неколку дена од првиот круг на претседателските избори, и ви кажувам одговорно и гордо -  победуваме!

Победа!!! - нека ечи од сите краеви на татковината. Народот е на нозе. Надежта која ја создаваме е нашата енергија со која ќе ги промениме работите кои му тежат на овој народ. И ако некој се прашува ова се избори пред се за вас, за вашите семејства и заедничката иднина.

Да покажеме заедно дека силата на Македонија е во нас, во сите нас заедно, и да бидеме пример на сите идни генерации.

Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот! И да ја одземеме од рацете на 100-тина функционери од ДУИ и  нивните измеќари од СДСМ!       

Почнуваме силно и одлучно, во финалната трка од која ќе победи народот на Македонија.

Државата е твоја и време е да си ја вратиш во свои раце!

Македонија повторно твоја!

Промените во твои раце!

Бог да го благослови Охрид и благословена од бога да е нашата Македонија!

Гласајте за нас нема да ве изневериме.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.