Понеделник, 22 Април 2024    PDF Печати Е-пошта
Важно е разликата помеѓу Гордана и Стево да биде огромна

Stip 22.4 3

Важно е разликата помеѓу Гордана и Стево да биде огромна, за да се спречат сите завери против Македонија кои ги коваат Али и Ковачевски

„Ве повикувам на мобилизација. Излезете и гласајте против оваа завера што и се прави на Македонија. Ние резервна татковина немаме и одговорот ќе го дадеме преку заокружување на бројот 2 и изборот за професорката Гордана Силјановска Давков, да и посакаме добредојде на идната претседателка Гордана Силјановска Давкова“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Штип.

Претседателот Мицкоски продолжи и додаде:

„Запомнете, задутре за два дена од денес е важно како никогаш досега историски е важно разликата помеѓу идниот претседателка Гордана Силјановска Давкова и чиракот на Али, измеќарот на Али, Стево Пендаровски да биде што е можно поголема. Излезете и гласајте“, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски упати порака и до младите и додаде:

„Не ја прифаќам тезата дека сте незаинтересирани за политиката, туку многу повеќе ја прифаќам тезата дека сте разочарани од факторите кои треба преку политиката да ја креираат вашата иднина. Ја имате младешката пркост, но допрва ќе го стекнете искуството и способноста да распознавате што е манипулација, а што реална понуда. Поддржете не и јас ви ветувам дека нема да ве разочараме. Дајте шанса на енергијата што носи промени и нов начин на работа. Ви велам и да приклучете се и заедно од внатре да ги менуваме заедно работите“, вели Мицкоски.

Претседателот Мицкоски упати порака до неопределените и до огромното тивко мнозинство на Македонија.

„Тоа се оние луѓе на чии плеќи се носи и гради Македонија, но никогаш не биле во фокусот на оваа држава, а системот ги потргнувал на страна. Тоа се луѓето со извонредни капацитети, кои никогаш вистински не добиле шанса. Тоа се нашите чесни и лојални сограѓани. Земјоделецот на нивата, продавачот во маркетите, наставниците, учителите, работниците, невработените, пензионерите, но и младите кои се како што кажав можеби и незаинтересирани од политиката затоа што чувствуваат горчина поради сите неправди и сите порази. Сите вие кренете ја главата горе високо. Доаѓаат подобри времиња, а овие избори се вашата шанса да ги промените работите. Излезете и гласајте и поддржете ја опцијата која ви велам дека ќе ја направиме Македонија повторно твоја, Македонија повторно горда“, дециден е Мицкоски.

Stip 22.4 4

 
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.