Вторник, 23 Април 2024    PDF Печати Е-пошта
Вчера ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт

Stip2 1

Мицкоски: Нападите од Ахмети се израз на паника затоа знае дека ќе загуби и оти ќе си ги загуби и чираците од СДСМ

Не е никаква храброст државата да му ја поклониш на Али Ахмети како што тоа го направи Димитар Ковачевски. Не е никаква храброст да создадеш извитоперен артаноиден режим каде владее криминалот и корупцијата. Храброст, вистинска храброст е да подигнуваш семејство и заработуваш за него во овие тешки услови за земјава и власта која безмислосно го краде народот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Штип.

Мицкоски посочи дека државата е киднапирана од ДУИ, а главен соучесник е СДС.

„И навистина претераа. Ја прекардашија што вели народот. Цела изборна кампања ниту Ковачевски ниту Пендаровски не го нападнаа Али Ахмети и ДУИ. А дека ДУИ е матицата на власта и криминалот покажа и вчерашниот ден. Двете партии правеа митинг во Скопје, на собирот на СДС 3000 луѓе, кај ДУИ над 15 илјади. СДС се претвори во огранок на ДУИ, нивна општинска организација. СДСМ не е повеќе партијата која ја создаваше Глигоров, или за која се бореше Црвенковски со кои секогаш ВМРО-ДПМНЕ имало огромни разлики и меѓусебни борби, но никогаш не се доведувало прашањето за национално единство. Денес СДСМ е партија привезок на ДУИ, нејзин нем послушник во исполнувањето на заверата против Македонија“, кажа Мицкоски.

Вчера, рече Мицкоски, ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт.

„И изразив јавна намера дека веднаш по изборите, уште првиот ден ќе остварам контакт со нив за заедничка соработка основана на принципи околу кој ќе се обединиме. Уште истиот ден се јави Али Ахмети, нервозно одговарајќи, прозивајќи ме со навреди и доза на закани. Не знам дали Али ме помешал со Ковачевски кој збор не му изустува, или со Стево кој три пати на ден му бакнува рака, но треба да знае дека неговите закани не само што не ме заплашуваат, туку ме мотивираат и засмејуваат“, вели Мицкоски.

Мицкоски заклучи дека таквитe напади се израз на нервоза, израз на паника и страв бидејќи знае дека ќе загуби.

„Ќе си ги загуби и чираците од СДСМ. Ова не е 2001, туку 2024, 23 години подоцна ДУИ е претворена во криминална организација“, кажа Мицкоски.

Stip2 11

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.