Понеделник, 29 Април 2024    PDF Печати Е-пошта
Митева: Силјановска Давкова ќе биде идниот претседател на државата

thumbnail9087

Митева: Јасно е дека работите се тргнати во насока дека на Македонија ќе и се случат промени, Силјановска Давкова ќе биде идниот претседател на државата

Марија Митева, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во свое гостување на Сител ТВ зборуваше за големата разлика која ја освои професорката Гордана Силјановска Давкова во првиот круг и посочи дека големата разлика во гласови дава уште поголем поттик до 8 мај да се бара подршката за масовна излезност и поголем број на пратеници во Собранието.

-Добро е што на една друга национална телевизија имаше едно видео на кое претседателот Мицкоски уште неколку месеци пред изборите вели дека уште во првиот круг професорката Гордана Силјановска Давкова ќе води со 100.000-150.000 гласа, така што можам да кажам дека некаде во оваа рамка се движеа нашите би кажала мерења на јавните мислења и тоа не го темелевме врз основа на тоа само колку голема ќе биде победата туку на тоа што го добивавме како имплус од граѓаните.

Постојано бевме на терен, постојано организиравме најразлични дебати, најразлични трибини, средби со граѓани, бевме помеѓу народот, зборувавме за сите проблеми со кои се соочуваа и некако оттаму ги собиравме идеите кои треба да бидат дел и се дел од нашата Платформа 1198, а потоа и некако го почувствувавме импулсот од граѓаните кои навистина сакаше промени.

Не не изненадува поддршката напротив таа ни дава би кажала една друга димензија на одговорност која што ја чувствуваме како политичка партија и обврска да продолжиме до 8 мај континуирано да ја бараме поддршката за масовна излезност и за што поголем број на пратеници во Собранието за една стабилна влада која што навистина ќе ги донесе промените кои што народот ги бара, рече Митева.

Во врска со претседателските избори Митева потенцираше дека Стево Пендаровски во никој случај нема да биде претседател на Македонија и дека многу е јасно дека работите се тргнати во насока дека на Македонија ќе и се случат промени.

-Апсолутно дека Стево Пендаровски нема да биде претседател на Македонија, ќе бидам директна и конкретна, мислам дека на сите веќе им е јасно дека работите се тргнати во насока дека на Македонија ќе и се случат промени. Ова е историски би кажала резултат кој што една партија од опозиција го има постигнато, така што сме прво горди и на тоа што сме го направиле затоа што сме имале добра понуда, на таа понуда граѓаните веруваат, ја дале довербата и треба да продолжиме уште посилно да ја бараме поддршката, порача Митева.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.