|
||||
Попов: Младите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе останат да се партнерот на младите |
Попов: Младите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе останат да се партнерот на младите, ќе ги решаваат младинските проблеми „Како претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ сум исклучително задоволен што успеавме заедно со сите млади луѓе најпрвин да ја победиме апатијата околу тоа дека воопшто не треба да се учествува во политика и дека политиката е нешто гнасно“, истакна Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 Отворено“ на 24ТВ. „И затоа младите луѓе во рекорден број масовно излегоа на овие избори. Младите луѓе сепак на овие избори излегоа и гласаа“, заклучи тој. Попов додаде дека младите луѓе ја препознаа искрената понуда на ВМРО-ДПМНЕ и за нејзе гласаа. „ВМРО-ДПМНЕ имаше искрена понуда, таа не беше поткрепена на лажни ветувања. ВМРО-ДПМНЕ имаше понуда на она што е реално и она што може да се направи“, нагласи тој. Тој посочи дека младите можат да бидат на сигурно со ВМРО-ДПМНЕ. „Кога зборуваме за вклученост на младите луѓе во политика и за новиот парламентарен состав сакам да истакнам дека ние како млади политичари цело време бараме да бидеме што е можно повеќе вклучени во Парламентот, Советите итн. Но, мислам дека е многу поважно кога ќе влеземе таму да покажеме што знаеме“, рече Попов. „УМС на ВМРО-ДПМНЕ под мое раководство изминатите три години поднесовме над 10-тина амандмани во Собранието на Република Македонија преку нашата пратеничка група за сите прашања релевантни за младите луѓе имавме реакција. Но, најважно од се пробувавме работите да ги решаваме институционално“, потсети тој. Попов нагласи дека младите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе останат да се партнерот на младите, ќе ги решаваат младинските проблеми од реалниот живот кон македонските институции, а во оваа ситуација тоа е македонскиот Парламент. |