Понеделник, 20 Мај 2024    PDF Печати Е-пошта
Милошоски: Во моменНа ДУИ и Ахмети им е изгубен компасот, време им е за опозиција

thumbnail copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Милошоски: Во моментот имаме 61 пратеник и продолжуваме со преговорите со ВРЕДИ, на ДУИ и Ахмети им е изгубен компасот, време им е за опозиција.

Време е ДУИ да оди во опозиција, порача Антонијо Милошоски член на ИК на  ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата За или против на ТВ Алфа.

Милошоски ги искоментира изјавите на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека со прегласување на одредени избирачки места се врши изборен инжинеринг потенцирајќи дека ДУИ вршеше изборен инжинеринг со обидот за бојкот на претседателските избори во вториот круг.

Да говори за изборен инжинеринг човек кој што на вториот круг на гласање за претседателските избори денот го започнаа како структура во ДУИ со организиран бојкот за да се наруши цензусот тоа е веќе изборен инжињеринг, истакна тој и додаде:

Се гледа дека ДУИ веќе го изгуби компасот и очигледно е дека Ахмети веројатно во последните неколку години е повеќе под влијание на Артан Груби, Бујар Осамни и на некои други луѓе од тоа бизнис крило, отколку што е под влијание на порационалните луѓе во ДУИ кои што спроведуваат конвенционална политика.

Според Милошоски ДУИ го прекршил правилото коалицирање победник со победник, укажувајќи дека ДУИ и Ахмети треба да се спремаат за една мирна и цивилизирана транзиција како во секоја европска држава.

Самите принципи кои ги наметна ДУИ во 2016тата година односно самите принципи кои ги прекрши сега нема право ДУИ да се повикува на било што, и затоа сметам дека е добро да се спремаат за една мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава, изјави тој.

На прашањето дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објавил дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник, Милошоски нагласи дека во моментот партијата има 61 пратеник, но со прегласувањето во изборната единица 5 очекуваат да имаат 11 пратеници, со што бројката ќе изнесува 62 пратеници.

Да точна е изјавата на претседателот Мицкоски дека во овој момент ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано 61 пратеник. Со прегласувањето во среда и реалната шанса во 5тата изборна единица да го добиеме 11тиот пратеник, ВМРО-ДПМНЕ веќе ќе има консолидирано 62 пратеници. Потоа продолжуваат преговорите со коалицијата ВРЕДИ, која има 13 пратеници, можно е да го освојат и 14тиот. И кога ќе завршат тие преговори, сметам дека ќе се отвори можноста и за разговори со политичката партија ЗНАМ, вели Милошоски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.