Вторник, 21 Мај 2024    PDF Печати Е-пошта
9000 семејства од социјален ризик оштетени за 120 евра годишно

thumbnail copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Како резултат на незаконското работење на претходните раководства на Министерството за труд и социјална политика околу 9000 семејства од социјален ризик оштетени се за 120 евра годишно. Станува збор за 30.000 граѓани корисници на парични средства од системот на социјална и детска заштита од 2020 година.

“Станува збор за 1,7 милиони евра или 100 милиони денари, кои по закон треба да бидат исплатени на корисниците на социјална помош. Проблемот е настанат бидејќи не се корегирани решенијата за помошта кои треба да бидат нивелирани со статистиката и податоците за пораст на животниот стандард. Оваа грешка е провлeкувана до ден денешен и не е направена промена“, изјави министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски на денешното гостување во Слободен печат.

Има јасно дефинирана законската обврска по член 31 став 2 од Законот за социјалната заштита и член 15 од Законот за социјална сигурност дека Центарот за социјална работа е должен висината на правото да ја усогласи со трошоците на живот. Претходните раководства на министерството заедно со Центрите за социјална работа не вршеле усогласување со порастот на трошоците на живот кои ги објавува Државниот завод за статистика.

Во секоја категорија на ранливи групи износот е различен. На пример, кај додатокот за образование на лице кое до својата 18-та година имало статус на дете без родители и е редовен студент на државните универзитети, висината на правото во 2020 изнесувало 24 192 денари. Денеска на истиот студент и покрај зголемувањето на трошоците за живот му се исплаќа истата сума. Износот кој треба да го добие доколку претходниците работеле согласно законот е 31565 денари што е 7373 денари разлика. На годишно ниво разликата е над 88 000 денари.

“Уште еден пример за сликата да биде појасна како е оштетено едно четиричлено домаќинство во Република Македонија. Едно четиричлено семејство со мајка татко и две малолетни деца, со донесување на новиот закон за социјална заштита во 2019 година добивало 6800 денари гарантирана минимална помош. Во 2024 година би добивало 8943 денари. Разликата е 2143 денари месечно за четиричлено семејство. Во овие категории на граѓани има стари и изнемоштени лица, лица кои останале без работа и се материјално необезбедени, лица болни, граѓани со интелектуална и телесна попреченост, деца кои живеат во сиромаштија. Во услови кога потрошувачката кошничка расте, цените скокаат, инфлацијата си го наплаќа данокот, а поранешните раководства спротивно на законот ги држеле најранливите граѓани под минималните услови за да го преживеат месецот“, истакна Велковски.

Министерот најави дека во наредниве денови ќе биде испратено укажување до Центрите за социјални работи да постапуваат согласно законските прописи и да извршат пресметки за секој корисник посебно.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.