Вторник, 04 Јуни 2024    PDF Печати Е-пошта
Милошоски: Поради најнеспособниот тандем Лога и Аврамовска Мадиќ, довербата на судството е 2 проценти, затоа нека се жали каде сака

thumbnail copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

По однос на писмата на министерот за правда во заминување господинот Кренар Лога, од негова страна има право да се жали доколку сака да пишува такви писма, но се надевам дека писмата нема да ги испрати преку Македонска пошта, јавното претпријатие кое што 20 години го управува ДУИ и е нефункционално. Бидејќи ако ги испрати преку Македонска пошта може да не стигнат до адресите на кои што сака да се пожали министерот Лога, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет, Антонијо Милошоски во денешното гостување во Дејли Клик  на телевизија ТВ 21 во однос на писмата кои што утрово ги објави министерот за правда тврдејќи дека ќе ги испрати до амбасадите во Македонија на меѓународната заедници за да се пожали за претстојните реформи во правосудните органи како што се Судски совет и Републичкиот совет на јавни обвинители.

„Но, по однос на темата Републички судски совет и Совет за јавни обвинители, токму заради најнеспособниот тандем до сега во Министерството за правда, министерот Лога и заменичката министерка Аврамовска Мадиќ, мислам дека падна довербата во правосудство и во овие две институции на рекордно ниски два проценти“, рече Милошоски додавајќи дека реформи се неопходни и во двете овие институции.

Милошоски посочи дека смета дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат обврска  како ветен проект пред граѓаните за кои што добивме голема поддршка, да направиме реформи во овие две институции.

„Законските интервенции кои што ќе се однесуваат на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители ќе бидат сублимат на експертски мислења и препораки на домашната стручна јавност како може да се зголеми автономијата и ефикасноста на овие две институции“, истакна Милошоски.

Милошоски кажа дека никој од СДС и од ДУИ нема да може да се сокрие зад партијата, и дека секој кој згрешил или го прекршил законот, ќе одговара.

„Некои од челниците на СДС ја користат партијата како акционерско друштво. Некако зад партијата сакаат да го сокријат сето она кое го правеа во изминатите години. Јас им порачувам и на оние кои ја водеа државата во изминатите седум години и од СДС и од ДУИ, времето за одговорност допрва доаѓа“, рече Милошоски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.