Сабота, 08 Јуни 2024    PDF Печати Е-пошта
ВМРО-ДПМНЕ покажа дека работи на агендата - Македонија повторно твоја
thumbnail copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy
 
Митева: Ветивме и исполнивме - со 2/3 мнозинство во Собранието се изгласани измените во Законот за организација на работата на органите на државната управа
 
ВМРО-ДПМНЕ вети и првиот чекор кон комплетна трансформација на Македонија е исполнет. За само 30 дена од завршувањето на изборите, во состојба на уште не конституирана влада во македонското собрание изгласавме измени во закон со 2/3 мнозинство. 
 
Во текот на вчерашниот ден во Собранието на Република Македонија се изгласаа измените на Законот за изменување и дополнување на организација на работата на органите на државната управа, со кои конечно ќе овозможиме реорганизирање на државната управа, со една единствена цел - комплетна ефикасност, рационализација и транспарентност на институциите во државата. 
 
Законските измени кои беа дел од изборното ветување, беа работени и со претставници на ЕУ и истиот е дел од ИПА програмата.
 
Покажавме силен капацитет во собранието, покажавме дека ВМРО-ДПМНЕ умее да води конструктивен политички дијалог за обезбедување на 2/3 мнозинство низ предлози кои решаваат системски и важни прашања за нашите граѓани.
 
За првпат по долги години, парламентарното мнозинство, предлага закон за структурни реформи, кој во својата суштина е развоен и трансформативен, со што не се остави простор за негово проблематизирање на ниту една партија која нема задни намери истиот да не го поддржи.
 
И за првпат претставниците на ДУИ гласаа без можност да условуваат, затоа што законските измени се реформски и транспарентни. И во таква ситуација никој никого за ништо не може да уценува. 
 
Ова е начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи и во иднина.
 
Сите законски измени и систематски промени ќе бидат работени низ јасна процедура, со јасен и недвосмислен законски наратив, кој нема да остави простор за проблематизирање и блокирање од било кого. За разлика од порано кога СДС протнуваше закони за остварување на криминал и корупција, денес разговараме за реформски закони. 
 
ВМРО-ДПМНЕ покажа дека работи на агендата - Македонија повторно твоја. 
 
Промените почнуваат, следува економска трансформација на Македонија, забрзана евроинтеграција и силна и посветена борба против криминалот и корупцијата.
 
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.