Петок, 21 Јуни 2024    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Поднесовме предлог измени на Законот за енергетика по скратена постапка со кој нема да се зголеми цената на струјата на домаќинствата

thumbnail copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Мицкоски: Поднесовме предлог измени на Законот за енергетика по скратена постапка со кој нема да се зголеми цената на струјата на домаќинствата, нема да дозволиме стандардот на граѓаните да биде загрозен

Изминатите денови во јавноста една тема ги разбранува страстите и оправдано, тоа беше цената на електричната енергија која што ќе биде практично регулирана од страна на Регулаторна комисија за енергетика на Македонија во неделите кои што следат, а која што ќе биде апликативна односно важечка од први јули заклучно со 31 декември 2024 година.

Во јавноста проструи информација дека истата ќе претрпи значителни корекции во негативен тренд за граѓаните, односно истата ќе биде зголемена.

Како идна Влада не сакаме да се мешаме во работата на независните регулаторни тела. Но, исто така како идна Влада имаме одговорност, а тоа го ветивме пред граѓаните за време на кампањата за време на претседателските и парламентарните избори дека тие ќе бидат нашиот приоритет, стандардот на граѓаните ќе биде наш приоритет и како такви и како идна Влада имаме намера сериозно да се грижиме за стандардот на граѓаните.

И да не дозволиме истиот тој стандард поради ситни интереси на поединци да биде начнат односно загрозен.

Во таа смисла група пратеници од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска прво потпишан сум јас, доставивме до Архивата на македонското Собрание предлог закон за дополнување на Законот за енергетика по скратена постапка. Што е всушност овој предлог закон за дополнување на Законот за енергетика? Тоа е всушност предлог закон со кој нема да има зголемување на цената на електричната енергија за домаќинството односно стандардот на граѓаните ќе биде заштитен.

А, со овој предлог закон нема да се дозволи она кое што проструи изминативе денови во јавноста како информација да биде драматично зголемена цената на електричната енергија.

Цениме дека со овој предлог закон за дополнување на Законот за енергетика по скратена постапка посебно домаќинствата кои што се во првата и втората група нема да добијат зголемени сметки за електрична енергија. А, исто така очекуваме и оние кои што влегуваат и во третата и во четвртата група зголемувањето на цената на електричната енергија да не биде значително односно да се движи помеѓу 1 и 2%.

Тоа е она што ние како идна Влада можеме да го направиме.

Со други зборови нема да има зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата кои добиваат електрична енергија од универзалниот снабдувач. Сега би навлегол малку и во суштината, ќе ми треба и стручно објаснување, ќе се обидам на едноставен начин да сето тоа го доближам до вас, за да може на македонската јавност, на граѓаните да им биде појасно.

Како се формира цената на електричната енергија? Цената се формира како збир од четири собирока. Тоа е цената која за своите услуги ја наплаќа МЕПСО, цената која за своите услуги ја наплаќа ЕВН Дистрибуција, цената која за своите услуги ја наплаќа ги наплаќа операторот на пазар МЕМО, плус цената на самата електрична енергија.

Вие слушнавте во јавноста дека самата цена на електричната енергија која што ЕСМ поранешно ЕЛЕМ ќе ја доставува до компанијата која што е универзален снабдувач, официјално се уште таа цена не сме ја виделе, но слушнавме дека владата донесла одлука на една од седниците таа цена да се зголеми. Од тоа што можевме во јавноста да го слушнеме цената од 57 донеле одлука да ја зголемат на 60 евра за мегават час, ќе видиме дали е тоа така.

Но, бидејќи ние сме внимателни рековме дека наш приоритет претставуваат граѓаните и нивниот стандард, затоа  предвреме преземаме мерки со кои не би се случил овој ценовен шок, за потоа да имаме инфлаторна спирала која што ќе го начне стандардот на нашите граѓани.

Да се вратам сега на формирањето на цената. Сите овие 4 собирока се множеа со коефициентот 1,115. Зошто со овој коефициент, затоа што тоа беше старата маржа која што универзалниот снабдувач ја наплаќаше од домаќинствата или тоа е 11,5%.

Откако истече тој рок односно од како истече лиценцата со старата маржа за стариот универзален снабдувач се распиша нов јавен оглас, нов тендер и најповолната понуда ја намали таа маржа од 11,5 на 9,9 проценти. Што правиме ние со овој закон, со овој закон всушност односно дополнување на законот за енергетика всушност велиме дека не е потребно бидејќи станува збор за исто правно лице повторно формирање на ново правно лице, нова структура нови трошоци за банкарски сметки нови процедури и така натаму нешто што ќе трае со месеци туку велиме дека бидејќи станува збор за старо нов бидејќи истиот кој што и порано бил универзален снабдувач како правно лице ќе продолжи да биде универзален снабдувач како правно лице и во иднина, нема потреба да регистрира ново правно лице, бидејќи станува збор за истото, само му ја продолжува регулаторната комисија, по основ на овој предлог закон кој што ние го доставуваме за дополнување на законот за енергетика важноста на лиценцата и тоа значи дека наместо маржа од 11,5 проценти која што до сега им беше наплаќана на граѓаните, ќе биде наплаќана маржа од 9,9 проценти.

И истовремено упатувам порака до универзалниот снабдувач да врши многу внимателно оптимизација на своите потреби односно при набавката на електричната енергија да се води најпрво од интересите на граѓаните а потоа да направи вистинска оптимизација на своето портфолио кое што понатаму ќе го испорача кон граѓаните да не набавува количини на електрична енергија кои што нема да бидат потребни, туку да се држи до пристапот кој што ќе биде чесен, одговорен и пред се инспиративен за граѓаните, односно да направи оптимизација за својата набавка на електрична енергија.

Доколку овие две работи се случат, односно овој Закон за дополнување на законот за енергетика се донесе, ќе биде намалена маржата од 11,5% на 9,9 проценти и доколку универзалниот снабдувач направи оптимизација на своето портфолио, односно оптимизација на количините на електрична енергија, тогаш јас ве уверувам дека граѓаните нема да добијат повисоки сметки за електрична енергија.

Ние сме влада која што е одговорна, ние сакаме да бидеме влада која што главен интерес ќе биде интересот на граѓаните, така во овој период додека сеуште не сме официјално влада се однесуваме, така ќе продолжиме во иднина. 

А, ќе сториме се што е во наша моќ, во овие шест месеци да го реорганизираме енергетскиот сектор во Македонија и веќе во следниот регулационен период од први јануари 2025 до 30 јуни 2025 година граѓаните да добијат поевтини сметки за електрична енергија, индустријата да добие, онаа која што е на регулираниот пазар, поевтини сметки за електрична енергија. 

На тој начин инфлацијата ќе биде задушена, односно цените наместо да се качуваат, ќе се намалуваат, граѓаните се нашиот приоритет и како идна влада имаме намера да ни  бидат исклучиво важни граѓаните. 

Граѓаните направија тоа што требаше да направат сега, идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ треба да направи за граѓаните.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.