Четврток, 08 Август 2024    PDF Печати Е-пошта
Петрушевски: Очекувам есен во која ќе има одговорност за криминалите од функционерите на ДУИ и СДСМ

2 copy copy

Петрушевски: Очекувам есен која ќе биде карактеризирана со успешно реализирани проекти од владата, но и есен во која ќе има одговорност за криминалите од функционерите на ДУИ и СДСМ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во неговото денешно гостување во „За или против“ на телевизија Алфа вели дека очекува есен која што ќе биде карактеризирана со успешни проекти кои ќе ги реализира владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на чело со премиерот Христијан Мицкоски и со многу радости за граѓаните што ќе значи се различно од она што беше до сега со претходната Влада.

„Меѓутоа , не очекува и есен која што ќе значи одговорност за високите функционери за сите криминали што ги правеле во изминатиот период и тоа без исклучок, и од ДУИ и од СДСМ и од сите нивни коалициони партнери. Затоа што, верувајте, таквите криминали ги има премногу за една држава како што е Република Македонија и токму тоа е причината зошто ДУИ, заедно со СДСМ подготвува еден план за дестабилизација на државата и што во суштина тие планираат.

„Тие планираат кога, да речеме, од септември ќе биде приведен, уапсен, повикан на одговорност одреден функционер од ДУИ кој што безмилосно ги пљачкал народните пари додека бил на власт, да тоа го наречат како одреден политички реваншизам. Својствено за ДУИ, нормално и етнички реваншизам, дека ете ВМРО-ДПМНЕ ќе апси селективно и така натаму, и сето тоа  да биде пропратено  со протести, со одредени други ситуации што би донеле некаков притисок кон владата, кон власта за да, едноставно, на еден таков начин успеат да се амнестираат себеси од сите криминали кои што ги прават“, рече Петрушевски

И токму затоа, додаде Петрушевски, кажавме дека знаеме што планираат и за сите сценарија сме спремни нормално, како што ќе има одговорност за сите криминали, нормално е дека ќе има и одговорност за одредени протести кои што, евентуално, би биле насилни.

Затоа што, сепак, посочи Петрушевски,  ние сме демократска држава, меѓутоа и европска држава која што е интегрирана во сите меѓународни институции и нормално е да има еден таков одговор од страна на државата.

„Исто така, она што ги зближува СДСМ и ДУИ е фактот што, ДУИ немаше да прави криминали доколку не беше поддржана од СДСМ. Односно, сите во Македонија знаат дека СДСМ, всушност е помалиот брат на ДУИ и дека заедно ги правеле тие криминали и очекување е и сега заедно да ги коваат плановите кои што ќе значат избегнување на одговорноста за сите оние криминали кои што ги правеле во изминатиот период, кои и те како се премногу за една држава како што е Република Македонија“, истакна Петрушевски.

Додаде дека секогаш кога ДУИ е фатен во криминал играат на етничката карта и тоа е нивен стил на функционирање, сега веќе добро познат на сите граѓани, а од друга страна нејзините највисоки челници и членовите на нивното потесно семејство од обични граѓани, станаа милиони врз грбот на граѓаните.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.