Среда, 14 Август 2024    PDF Печати Е-пошта
До кога СДС ќе бидат измеќари на ДУИ?

112

Громогласниот молк на СДС и опасните последици од нивната коалиција со ДУИ

Громогласниот молк на СДС додека нивниот поранешен коалициски партнер Али Ахмети, отворено ги уценува Македонците е алармантен и загрижувачки!

Иако СДС веќе не е на власт, нивниот молк сè уште остава сериозни последици врз политичката сцена во Македонија.

Каде се денес Зоран Заев и неговите наследници од СДС кои ветуваа „едно општество за сите“!?

Како е можно партија која толку долго беше на власт, сега да биде целосно незаинтересирана и пасивна во однос на изјавите и заканите на Ахмети?

Дали е уценета СДС?

Дали СДС ја загуби целосната контрола над своите поранешни партнери и сега само набљудува од страна додека се случува ова опасно сценарио?

Не е тајна дека ДУИ и СДС заедно се симбол на криминалот и корупцијата кои ја разјадуваа Македонија за време на нивното владеење. Дури и сега, кога се во опозиција, нивната неспособност да се справат со последиците од нивната власт е очигледна. Тоа е вистинскиот проблем на Македонија денес – наследството на неспособност и корупција што го остави СДС зад себе.

Дополнително, денешниот настан на кој Ахмети ѝ се закануваше на Македонија уште еднаш ја разоткри врската помеѓу СДС и ДУИ.

Присуството на Ивон Величковски, коалицискиот партнер на СДС на тој собир е јасен показател дека коалицијата меѓу СДС и ДУИ сè уште е жива и дека тие заедно продолжуваат да работат против интересите на Македонија. Замислете, Ивон Величковски со поддршка, желба и ентузијазам денес мртвo ладно изјави дека „треба отворено да се дебатира за идеите на Ахмети“.

До кога СДС ќе бидат измеќари на ДУИ?

Денес кога Али Ахмети зборува за „заедничко сопствеништво“ на државата, всушност зборува за продолжување на системот кој му овозможуваше на ДУИ да ги злоупотребува своите позиции во власта, со поддршка на СДС.

Зошто СДС молчи?

Можеби одговорот лежи во тоа што ДУИ има премногу информации кои можат да ги компромитираат.

Македонија денес е на пат на опоравување од катастрофалното владеење на СДС и ДУИ, но тие сè уште имаат влијание кое не смее да се игнорира.

Македонскиот народ не смее да биде заложник на коалициски спогодби кои се базираат на уцени и страв. Време е да се стави крај на тоа поглавје и да се продолжи со нова ера на чесно и транспарентно управување.

Македонскиот народ нема да дозволи повеќе да биде манипулиран од политичари кои ја продаваа Македонија.

Новата влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе продолжи да се бори против сите облици на криминал и корупција, за да ја обезбеди иднината на Македонија како стабилна и просперитетна држава.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.