Сабота, 31 Август 2024    PDF Печати Е-пошта
СДС и ДУИ вршат брутална злоупотреба на наставниците организирајќи партиски протест со што докажуваат кој седи позади наводниот синдикат

1uv20 copy

Сергеј Попов

Сведоци сме на една трагикомична ситуација, СДС кои 7 години беа на власт утре организираат протест пред Министерството за образование и наука. Група членови на СДС ќе протестираат барајќи повисоки плати за наставниците. Протестот го организира довчерашниот државен секретар во МОН, Билјана Казанџиска.

Партијата чии министри додека имале можност да работат за народот, јаделе бизонско филе, телешко карпачо и школки плакајќи 400 евра за вечера од службена картичка нема кредибилитет да зборува за ништо.

Трет човек по хиерархија во институцијата, која имала можност да придонесе за подобри плати и услови за работа на наставниците, таа  заедно со нејзиниот министер со кого беа во коалиција, не предвидоа средства во буџетот за оваа намена за 2024 година.

Ситуацијата, едноставно опишана е следна – Казанџиска свесно турнала некого на земја и сега му подава рака за да стане, претставувајќи му се како заштитник.

СДС и ДУИ вршат брутална злоупотреба на наставниците организирајќи партиски протест со што докажуваат кој седи позади наводниот синдикат.  

Казанџиска е дел од раководството на претходната Влада на СДС и ДУИ која ги угнетуваше наставниците, која не ги консултираше за ниту една промена што предизвикаа тешки штети по македонското образование. Влада која доцнеше со исплатата на платите и манипулираше дека ги зголемува, без да ја споменува високата инфлација која ги изеде платите на сите граѓани, па и на наставниците.  

7 години СДС можеше да реализира покачување колку што сакаа, тоа не го направија, затоа што намерата никогаш не им била таква. Ниту во овој буџет предвидоа пари за поголеми плати, затоа што го правеа буџетот за пред избори и да трошат пари пред кампања што и го направија.

На што се потрошија парите од СДС оваа година? На милионски тендери во РЕК Битола пред смена на власта, на милионски набавки во ЕСМ, на патувањата на Бисера Антоанета и другите министри кои трошеле народни пари како да им се наследство од дедо.

Наставниците никогаш не биле во приоритет на СДС. ВМРО-ДПМНЕ има поинаков пристап, и ќе го вратиме достоинството на наставниците.

Апелираме до наставниците да не наседнуваат на партиски хушкања. Да не подлегнуваат на притисоци на опозицијата која 7 години беше власт и не се погрижи да им обезбеди достоинство и пристоен живот.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.