Вторник, 05 Ноември 2024    PDF Печати Е-пошта
ВМРО-ДПМНЕ реализира проекти и работи за добробит на граѓаните

903904

Стаменкоска Трајкоска: Минатото нема да се повторува, ВМРО-ДПМНЕ реализира проекти и работи за добробит на граѓаните

„Провокации постојано гледаме, но  најголемите провокации кои доаѓаат во Македонија се од опозицијата. Провокација е дека изборите сме ги добиле со тоа што сме давале лажни ветувања. Изборите ги добивме на основа на тоа дека ветувавме правда во оваа држава, дека ќе се справуваме со криминалот во оваа држава, ние ветувавме проекти“, изјави Бети Стаменкоска Трајкоска пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Исто така таа напомена дека проектите веќе се реализираат во Македонија.

„Проектите почнаа да се реализираат во Македонија, ветувавме работи кои се поврзани со тоа да доведат во Македонија да имаме еден квалитетен живот. Да не ни бегаат децата и младите надвор од Македонија, туку напротив да имаме еден соживот една добра економска структура, да имаме една стабилна структура во смисла развиено и квалитетно образование“, рече Стаменкоска Трајкоска.

Стаменкоска Трајкоска се осврна и на Извештајот од Европската комисија каде напомена дека во иднина нема да се повторуваат негативните оценки, кои што беа пракса за опозицијата во минатото.

„84% од извештајот е во период на владеење на СДСМ и ДУИ, останатите 16% проценти се однесуваат на водењето на Владата од ВМРО-ДПМНЕ. Она што е добро е што во иднина нема да ги имаме тие одредени негативни забелешки, заради тоа што со сигурност ќе имаме позитивна оценка поврзана со борба со корупцијата, со сигурност ќе има унапредување на многу области посебно образование“, децидна беше Стаменкоска Трајкоска.

Таа истакна дека минатото нема да се повторува. Нема да се дозволува во судството да учествуваат лица кои имаат положен правосуден, а немаат завршено факултет и сето тоа да е на штета на нашата држава и на граѓаните.

„Нема да се повторува минатото. Кога се бираа членови да бидат како за пример во Академијата за јавни судии и обвинители да учествуваат лица кои имаат положено правосуден а немаат завршено факултет, или кои длабоко се поврзани со непотизам“, заклучи таа.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.