Петок, 15 Ноември 2024    PDF Печати Е-пошта
Секој што го злоупотребил народниот труд ќе одговара

1uv20 copy copy copy copy copy copy

Битиќи избегнува одговорност, паника наместо отчет, ВМРО-ДПМНЕ покажува одговорност со реални резултати

СДС немаат ни план ни визија. Единственото што го имаат во последно време е паника, која ја манифестираат преку постојано мрморење.

Ако толку добро знаеле што треба да се направи, зошто не го направија тоа кога беа на власт? Или беа зафатени со патувања, луксуз и сликање во авиони, а сега одеднаш „паметни“.

ВМРО-ДПМНЕ ги гледа големите прашања. Проектите што се започнати не се само ветувања-тие се конкретни чекори кон подобрување на животот на граѓаните.

Царинската управа, откако е под водство на ВМРО-ДПМНЕ собра 24% повеќе приходи од увозни давачки и акцизи во споредба со претходниот квартал. Овие бројки не се случајност, туку резултат на работа, стратегија и посветеност.

СДС од друга страна, остави пустош зад себе – од уништување на ЕСМ до непланско трошење.

Најгласниот, а воедно и најнервозен „експерт“ Битиќи треба да научи дека државните институции не се место за ароганција и некомпетентност. Неговата нервоза нема да го спаси од одговорноста.

Битиќи добро знае како се одвивал начинот на пресметка на активните и пасивните саати во здравствениот сектор. Низата нерегуларности што излегоа на виделина не се случајни. Сите кои беа дел од оваа шема на незаконски пресметки и нерегуларности, ќе бидат соочени со одговорност.

Здравството е свето – ВМРО-ДПМНЕ става точка на расипаните практики и конечно воведува ред во системот.

Народот бара отчет – ВМРО-ДПМНЕ ќе се погрижи да го добие.

Ревизијата нема да заобиколи никого, и секој што го злоупотребил народниот труд ќе одговара.

Времето на манипулации и празни зборови на СДС заврши. Сега зборуваат фактите, а фактите се на страната на ВМРО-ДПМНЕ.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.