|
||||
Југозападниот бедем на Скопско кале осветлен за 8 Септември |
Целосно реконструираниот, реставриран и конзервиран југозападен бедем на скопската тврдина Кале ќе биде специјално осветлен утревечер, на 8 Септември-Денот на независноста на Македонија.Илуминацијата е направена во една боја, а ќе бидат искористени современи светлосни уреди, кои даваат различни нијанси и динамики на светло. Поради енергијата што ќе биде потребна за осветлувањето, на самиот влез на локалитетот се гради посебна трафостаница. Директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман изјави дека реконструкцијата на југозападниот бедем се реализирала од крајот на 2008 година досега, и најави осветлување и на киклопскиот бедем. Археолошките ископувања на Скопската тврдина почнаа во 2007 година, како дел од владината програма за инвестиција во неколку капитални археолошки локалитети. Раководител на проектот е археологот Драги Митревски. Пред овие истражувања, на Калето се копало во доцните 60-ти години од минатиот век. Идејното решение за осветлувањето на Скопското кале е на авторот Златко Нонкуловски, а проектот го реализираше „Електра комерц“ од Скопје. Целиот проект чини околу 7 милиони денари. |