Недела, 19 Септември 2010    PDF Печати Е-пошта
Хуманитарен концерт „Ѕвездите за Данило“ на плоштадот „Македонија“

daniloJanicМакедонските естрадни ѕвезди, вечер од 19:30 до 23:30 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје, ќе одржат голем хуманитарен концерт и аукција на слики од најпознатите македонски ликовни уметници со што ќе се обидат да соберат парични средства потребни за лекување и трансплантација на коскена срцевина во Германија за тригодишниот Данило Јањиќ.

Концертот, како што најавија организаторите, директно ќе биде пренесуван на Македонската телевизија, а преку сателитски пренос ќе можат да го следат и Македонците од дијаспората и да учествуваат со донирање средства на телефонските броеви кои ќе бидат достапни.

Трошоците за лекувањето на Данило чинат 330.000 евра. Фондот за здравство му одобри 80 отсто односно 200.000 евра, а трошоците за хемотерапија како подготовка за трансплатација ги одби. Останатите 130.000 евра би требало да ги соберат неговите родители. Од клиниката во Германија предупредуваат дека доколку не се исплатат сите средства нема да бараат донор и нема да ја направат трансплатацијата.

Родителите на Данило заедно со него се во Германија. Тие се сместени во посебно болничко прифатилиште кое чини 1.000 евра месечно, средства кои не влегуваат во сумата за лекување.

Организатори на концертот се Two Hearts - Production во соработка со музичарите Елена Ристеска и Игор Узунов, а на него ќе настапат и Ламбе Алабакоски, Елена Петреска, Андријана Јаневска, Маријан Стојановски, Маја Саздановска, Ева Нединковска, Влатко Илиевски, Тамара Тодевска, Александар Белов, Ристе Тевдовски, Бертан Аслани, Биба Додева, Маја Вукичевиќ, Мартин Србиновски, Наде Талевска, Ѓоко Танески, Дани Димитровска, Викторија Лоба, Влатко Лозановски, Оливера Ѓорѓоска, Дарко Илиевски, Аделина, Бени, Александар Тарабунов, Шпати, Афродита Дрешај и други. Како водителска двојка ќе се појават Лила М. Стојановска и Дамјан Дренковски.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.