Сабота, 30 Септември 2023    PDF Печати Е-пошта
Свети маченички Софија, Вера, Нада и Љубов

Светици што се многу почитувани кај нашиот народ

sveti-macenickiНа овој ден се празнува споменот на познатата Римјанка Софија која своите ќерки ги воспитала да имаат вера во себеси и во Бога,  да имаат надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и кон Севишниот.

Именден празнуваат: Софија, Софка, Вера, Верица, Нада, Надежда, Натка, Љубе, Љупчо, Љубен, Љубомир, Љубосав, Људмил, Љуба.

Кон крајот на првиот и почетокот на вториот век со својата верба во Исус Христос и со својата готовност да се жртвуваат за него се прославиле четирите римјанки, мајката Софија и нејзините три ќерки маченички: Вера, Нада и Љубов.  Мајката Софија била достојна на името што го носела, а што значи мудрост, премудрост. Таа и додека бил жив нејзиниот сопруг и подоцна кога останала вдовица живеела како вистинска христијанка, со добри дела, со смиреност на душата, со покорност на Божјата волја. Во тој дух и ги воспитувала своите три ќерки кои ги носеле имињата на трите најважни христијански вредности: Вера, Надеж и Љубов.

Набргу по раѓањето на третата ќерка Софија останала вдовица. Се посветила на своите ќерки со цел да ги порасне и да ги воспита во духот на христијанската вера.  Заедно ги читале и препрочитувале пророчките и апостолските книги. Но тој начин на живеење на ова семејство не останал без впечаток на околината. Најпрвин управителот на областа Антиох се уверил дека целото семејство исповедува христијанска вера, а потоа тоа му го соопштил на императорот Адријан, голем противник на христијанството и прогонувач на христијаните. Императорот ги повикал мајката и трите ќерки за да се увери во тоа што го слушнал. Но тие не само што не се исплашиле од таа покана туку со задоволство тргнале кон злогласниот владател кому мудрата мајка му соопштила:

- Јас сум христијанка! Тоа е скапоцено име со кое можам да се пофалам. Со тоа име се фалат и моите три ќерки.

Императорот бил изненаден од решителната изјава на мајката, но не сакал веднаш да донесе пресуда за нивно казнување, надевајќи се дека ќе ги придобие.  Разговорот го одложил за три дена до кога тие требало да бидат  набљудувани од  една Римјанка по име Паладија. Во текот на трите дена колку што живееле кај Паладија маката им зборувала на своите ќерки само за верата Христова. Сакала уште повеќе да го зацврсти во нив тоа верување, велејќи им дека за Синот Божји вреди и да се умре, и дека таа ќе биде радосна ако биде мајка на маченички што загинале за Спасителот Исус Христос.

По три дена императорот повторно ги повикал на суд и на трите девојки им понудил да ги нарече свои деца, да им даде големо богатство, раскошен и удобен живот, само да се откажат од својата вера и да им се поклонат на боговите владетели на вселената. Во спротивно им се заканил со жестока смрт.

На тоа трите девојки без страв, а со голема решителност во еден глас му одговориле:

- Нашиот татко е Богот што живее на небото. Тој се грижи за нас и ние сакаме да бидеме почитувани од Него. Сакаме да бидеме негови вистински деца. Ние само нему му се поклонуваме и ги почитуваме неговите заповеди, а ги презираме твоите богови. Не се плашиме од твоите закани зашто сме подготвени да ги истрпиме големите страдања во името на Исус Христос, нашиот Бог.

Изненаден од таквиот одговор императорот ја запрашал мајката на која возраст се нејзините ќерки на што таа му одговорила:

- Првата Вера е на 12 години, втората Нада има 10, а третата Љубов 9 години.

Императорот дошол на идеја дека со одделни разговори со девојчињата, со ветувања и закани може да ја постигне својата цел. Затоа најпрвин ја повикал Вера, и понудил да и принесе жртва на богињата Артемида, а кога таа одбила ја ставил на тешки страдања и ја погубил. Потоа истото го направил и со другите две нејзини сестри Нада и Љубов. Мајката ги гледала страдањата на своите ќерки уверена дека тоа го прават за својот Спасител Исус Христос. Потоа ги погребала заедно и три дена се молела над нивниот гроб, по што и таа ја предала душа на својот Спасител уверена дека оди кај своите ќерки. Тоа се случило во 126 година.

Светата црква и Софија ја прогласила за маченичка бидејќи таа е заслужна за воспитувањето на своите ќерки, а и  страдала заедно со нив додека ги мачел злогласниот император Адријан.

(Подготви Марко Китевски)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.