|
||||
Јубилеен Ден на обединувањето во Германија |
Денеска во Германија се одбележува јубилејниот Ден на обединувањето, кога пред 20 години беа укинати вештачките граници меѓу западна и источна Германија.Истиот настан беше историски не само за Германија туку и за меѓународната заедница. Со тоа беше и формално завршена Студената војна меѓу западот и истокот, односно блоковите. Симболичниот пресврт се случи една година пред тоа, кога меѓу 8 и 9 ноември 1989 година беше урнат 156 км. долгиот Берлински ѕид кој речиси три децении го делеше градот и државата на источен и западен дел. Тоа беше т.н. „железна завеса“, симбол на политичките и воени поделби меѓу двата блока, НАТО и Варшавскиот договор. - Тој датум кога е урнат Берлинскиот ѕид, е најубавиот ден во историјата на Германија...Ние никогаш нема да ги заборавиме нашите соседи и сојузници кои овозможија обединување на двете Германии, изјави канцеларот Ангела Меркел по повод одбележувањето на 20-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид. Според анкета од почетокот на септември, 1 отсто испитаници на запад и девет отсто на исток и денеска „жалат за ѕидот“. Студијата покажа дека една четвртина граѓани на истокот се уште не се чувствуваат како „вистински граѓани на Сојузна Република Германија“. Сепак, 60 отсто испитаници не сакаа враќање во минатото, на периодот пред обединувањето. Обединувањето на двете Германии исто така поттикна процес на бришење на границите во западна Европа кој од 1985 година почна со потпишување на Шенгенскиот договор. |