Среда, 27 Октомври 2010    PDF Печати Е-пошта
Интервју на Бранислав Нушиќ со Јане Сандански - „Политика“ од 21 јули 1908 г.

nusic-sandanskiПо расцепот на Рилскиот конгрес, целата дејност на Јане Сандански се заснова на неговата определба за самостојноста на Македонското ослободително движење. Меѓутоа по започнувањето на младотурската револуција во 1908 година, тој  влегува во контакт со Младотурскиот комитет. Набрзо ова востание се проширило во цела западна Македонија, била ослободена и Битола каде биле пуштени сите македонски и албански политички затворениц. Под паролата братсво и единство, настанало општо братимење помеѓу некогашните крваво закарани народи. Слично како и во Битола во Солун се одржале масовни демонстрации по што биле ослободени сите политички затвореници. Прогласена е општа амнестија од страна на младотурската влада, но таа важела само за Турција.

Бранислав Нушиќ, истакнат српски комедиограф, сатиричар и критичар бил извесно време конзул во Битола, Скопје, Серез и соработник на белградскиот весник „Политика". Во јули 1908 го интервјуирал Јане Сандански во хотелот „Англетер" во Солун.  Иначе Јане Сандански и Тодор Паница, еден од најблиските соборци на Ј. Сандански, биле амнестирани од младотурската влада, но смртните пресуди сеуште важеле во Бугарија.

Разговоров што овде го прикажуваме  е објавен во „Политика" од 21 јули (3 август) 1908 год.

„Откако му ја честитал слободата на Јане Сандански и враќањето во мирен живот, Бранислав Нушиќ го запрашал:

-  „Дали верувате, г. Сандански, во трајноста на сегашната состојба?"

- „А како кај вас, се верува ли таму? Што пишуваат весниците? - ми одговори Сандански со своето прашање.

-  „Па во Европа не се верува толку многу како овде!" - „Европа нема интерес да верува толку многу во искреноста на овие настани. Овие настани, сепак, најмногу и најнепосредно се однесуваат на нас, малите народи на Балканот. Затоа и јас дојдов тука (во Солуун) за да ја констатирам вистинската вредност на овие настани. Натамошниот живот на малите народи е без добри изгледи. И Бугарија и Србија, во досегашната работа (во Македонија), грешеле што се раководеле од своите најтесни интереси. На нивната работа главната цел не и беше слободата на овој народ тука, туку нивните себични интереси, проширувањето на нивните држави. По овие настани тие ќе останат таму каде што се, а ние тука ќе ја градиме нашата татковина."

Бранислав Нушиќ, со извесна доза на недоверба, продолжува со прашањето:

- „Убаво, г. Сандански, јас се согласувам да верувам во искреноста на овие настани, на овој чин, и верувам дека новиот режим ќе биде воведен, но нели не може да се оспорува фактот дека причините, мотивите за прогласување на Уставот не лежеа во тоа дека се согледувало оти на овој народ треба да му се даде слобода, туку исклучиво во тоа да се отстранат европските реформи (Мирцштешката програма за реформи – н.з.)?

Ј. Сандански: „Овој чин не само што ги отстранува европските реформи, кои се главно неискрени, но тој ги потиснува и претензиите на малите (балкански) држави и ги осудува на бел -леб. Нивната пропагандна девиза „Ослободување на своите браќа" - изгуби секоја основа и стана беспредметна. Тоа е уште гаранција за мир и правилен развиток на нашата татковина."

Б. Нушиќ : „Мислите ли сериозно, г. Сандански, дека Вие и јас, да речеме, по три месеци веќе, ќе можеме пак слободно да се состанеме во Солун, во хотелов?"

Ј. Сандански: „Јас зборувам за денешната ситуација затоа што верувам во неа. Ако нешто се измени, и кога ќе се измени, тогаш ќе зборуваме. Но ние ќе умееме да се потрудиме да не дојде до тоа."

Б. Нушиќ : „Се разбира, оваа амнестија за Вас и за г. Паница,  важи само за Турција. Вие не смеете да одите во Бугарија?"

Ј. Сандански: „Во Бугарија не смеам да одам, но и не ми треба. Тука е мојата татковина.",,

Политика, 21. VII 1908;

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.