Вторник, 22 Октомври 2024    PDF Печати Е-пошта
Основачите на ВМРО

images copy copy

На 23 октомври 1893 година (стар стил) во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собраа шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, кое што ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода.

Иван Хаџи Николов
IvanHNРоден е на 24 декември 1861 година во Кукуш. Основното образование го добил во Кукуш. Продолжил во Пловдив и Свиштов и завршил високо трговско училиште во гр. Линц (Австрија). Бил учител во Костенец, Воден, Кукуш, Лерин и во Солунската гимназија. Во 1893 година отворил книжарница во Солун и ја напуштил гимназијата. Тој е еден од основачите на ТМОРО во неговата куќа на 23 октомври 1893 г. и член на ЦК до јануари 1901 година, кога бил затворен со другите членови од ЦК и заточен во Подрум-Кале (Мала Азија).
По амнестијата  1903 год. се преселува во Софија и се занимава со книговодство и трговија. Заболен и душевно растроен, се самоубива на 9 јули 1934 година

 

 

 

Христо Татарчев
Hristo_TatarchevОсновно образование завршил во родниот град. Шести клас на гимназијата завршува во Пловдив. Поради конфликтот со школските власти како претседател на друштвото на учениците во гимназијата не му било допуштено да го полага својот годишен испит и со тоа прекинало неговото натамошно школување.

Студирал медицина во Цирих- Швајцарија и Берлин. Студиите ги завршил 1892 година. По враќањето во Македонија бил поставен за школски лекар во машката и женската гимназија во Солун.

Д-р Христо Татарчев е еден од учесниците на основачкото образование на 23 октомври 1893 година во Солун на ВМОРО, заедно со уште Иван Хаџи Николов, Петар Поп Арсов, Даме Груев, Антон Димитров и Христо Батанџиев. На основачкото собрание бил избран за прв претседател на Централниот Комитет. Учесник е во работата на Солунскиот конгрес на Организацијата од 1896 година. На таа функција останува до 1901 година. Тогаш заедно со другите членови на Централниот комитет е уапсен од турската власт. Осуден е на пет години затвор. Бил осуден во Подрум Кале. Овде останува до 19 август 1902 година кога по силата на една амнестија е ослободен од натамошно издржување на казната.

На враќање од Подрум Кале на 30 август 1902 година, во Грција бил уапсен под обвинување дека соучествувал во убиството на некој грчки лекар во Гуменџе. Под притисок на јавноста во Бугарија е ослободен. При крајот на 1902 година е именуван за член на Задграничното претставништво на Организацијата во Софија.

Во востанието непосредно не учествува. Својата работа во ВМОРО ја продолжил и по Илинденското востание. Не бил избран за делегат а според тоа и не зел учество на Рилскиот конгрес во октомври 1905 година. По конгресот повеќе не е член на Задграничното претставништво на ВМОРО. Блиско соработувал со десната струја во Организацијата, за кое бил остро критикуван од Ѓорче Петров и исфрлен од раководството на ВМРО.

После турскиот Младотурската револуција од 1908 година го подржува Соjузот на бугарските конституциони клубови.

Во текот на јануари 1919 година ги споделува мислењата на групата од „Бившата ВРО од Западна Македонија“. Не го потпишал нејзиниот Апел од 9 март 1919 година само затоа што според него не било доволно интонирано националното прашање. Во периодот помеѓу двете светски војни се оддава на публицистиката. Работи на своите спомени. Извесно време по војната живеел во Италија. Во времето на окупацијата живеел во Ресен. Бил близок пријател на Иван Михајлов и по војната заминал во Бугарија од каде во 1949 година оди повторно во Италија каде умира на 2 јануари 1952 година.

Петар Поп Арсов
--Роден е во 1868 година во с. Богомола, Велешко. И тој бил меѓу исклучените ученици од Солунската егзархиска гимназија, кои се префрлиле во Белград, но оттаму, како и Даме Груев, се вратил назад и студирал во Софија каде дипломирал филологија на Софискиот универзитет. Во 1893 година, како професор во Солун, учествувал во создавањето на МРО и станал член на нејзиниот прв ЦК. Тој бил задолжен да го состави и првиот Устав на Организацијата.
За време на Виничката афера, П.П.Арсов бил уапсен и одведен на петгодишно заточение во Подрум-Кале (Мала Азија). Во периодот по Илинденското востание и припаѓал на т.н. левица. Бил еден од тројцата задгранични претставници избрани на Рилскиот конгрес на ВМОРО, во 1905 година. За време на Хуриетот живеел и работел во Скопје.
По Првата светска војна тој живеел во Бугарија и работи како прогимназиски професор во с. Костенец а публикувал и повеќе прилози.
Петар Поп Арсов умрел на 1 јануари 1941 година во Софија.

 

Антон Димитров
AndonDРоден во 1867 година во с. Ајватово (Солунско). Студирал право на Вишото училиште во Цариград, а потоа и на Универзитетот во Лиеж (Белгија). По завршувањето на студиите извесно време работел како професор по турски јазик во Егзархиската гимназија во Солун, а подоцна како адвокат и судија во Битола и Цариград.
Антон Димитров е еден од основачите на МРО односно ТМОРО во 1893 година.
По Првата балканска војна, Антон Димитров се населил во Софија (Бугарија), каде заземал високи позиции во Министерството за правосудство (1915/18) и Министерството на надворешните работи (1918/20).
Умира на 13 март 1933 година во Софија.

 

 

 

Даме Груев
Dame-GruevРоден е на 17 декември во 1871 г. во с. Смилево, Битолско. Своето образование го стекнал во Смилево, Битола и Солун а потоа во Белград и Софија. Бил учител во Смилево (1891/92), во Прилеп (1892/93), коректор на печатницата на Самарџиев во Солун (1893), учител во Штип (1894/95, училишен инспектор во Солун и пак учител во Битола.
Тој е иницијатор и учесник при формирањето на ВМОРО во Солун на 23 октомври 1893 г. и е избран за секретар-касиер на Ц.К., но фактички тој е главниот раководител на организацијата во внатрешноста. Во 1897/1898 г. е интерниран од Солун во Битола. Поради таканаречената попставрева афера во Битола на 6 август 1900 г. е уапсен и осуден на 10 г. затвор. Пролетта 1903 г. е амнестиран. На Смилевскиот конгрес во април 1903 год. е избран за член на Главниот штаб на востанието во Битолскиот револуционерен округ. После востанието останува во Македонија и се зафаќа со обновување на разнишаните основи на Организацијата. Во октомври 1905 г. учествува на Рилскиот конгрес и е избран за член на ЦК на ВМОРО.
Загинува на 10 декември 1906 год., во борба со турска потера кај с. Русиново, Малешевско.

Христо Батанџиев
HristoBРоден е во Гуменџе, Ениџевардарско. Христо Батанџиев отпрво работел како учител, а потоа бил секретар во солунската општина и Егзархиската Митрополија во Солун. Како патриот, загрижен за судбината на Македонија и пристапил на групата македонски интелектуалци – истомисленици, со кои во Солун ја основале Македонската револуционерна организација.
Загинал заедно со архимандритот Евлогиј во јуни 1913 година, бил фрлен и удавен во морето од Грците.





 

 

Гоце Делчев
goceГоце Делчев е роден во Кукуш на 23 јануари 1872 год. Основното образование го завршил во родниот град, а гимназијалното во Солунската машка гимназија. Во пролетта 1892 година стапил во Военото училиште во Софија. Оттаму е исклучен на 16 септември 1894 г. и есента истата година е назначен од егзархијата за учител во Ново Село - Штип, каде што работи две години и целосно му се посветува на револуционерната дејност. Преместен е во Банско, но, подозрив од властите, принуден е да го напушти учителствувањето и да стане нелегален апостол.
Од крајот на 1896 год. до 1901 год. заедно со Ѓ.Петров тој е задграничен претставник на ВМОРО во Софија.
Г.Делчев непосредно учествувал во изработката на вториот устав на ВМОРО во 1896 година, со кој настапи нова, повисока фаза во развитокот на македонското-ослободително движење.
На Гоце Делчев му припаѓа заслугата за создавањето на организацијата во Штипско, Кочанско, Радовишко, Струмичко и Кукушко. Тој ги организира и првите канали на организацијата, по кои се пренесува организационата пошта, агитациони материјали и оружје. Создава погранични пунктови во Ќустендил, Дупница, Самоков, Кавакли и други места. Се создава и курирска служба, во употреба се воведени и шифри,  хемиско мастило и псевдоними. Така под раководство на Г. Делчев се оформи организационата структура.
Загинал на 4 мај 1903 година во борба со турскиот аскер, во с. Баница, Серско.

Ѓорче Петров
Gjorce-Petrov-slikamalaРоден е во 1864 година во с. Варош, Прилепско. Образованието го стекнал во Прилеп, Битола и во Солунската егзархиска гимназија од каде во 1885 година бил исклучен заедно со дванаесетина другари. Учителствувал во Штип, Скопје, Битола и Солун (1895-1897). Додека учествувал во Битола станува и член на ТМОРО. Основач е и главен редактор на весникот „Бунтовник“. Во 1895 година доаѓа во Солун, и веднаш станал член на ЦК. Во 1896 година ја публикувал својата книга „Материјали за проучување на Македонија“. Во 1896 година, заедно со Гоце Делчев го изработиле Уставот на ТМОРО.
Од 1896 до 1902 година, заедно со Гоце Делчев, бил задграничен претставник на ТМОРО во Софија.
За време на Илинденското востание учествувал со голема чета во борбите во Прилепско-мариовскиот крај. Учесник е на Прилепскиот (1904), Струмичкиот (1905) и Рилскиот конгрес (1905), На Рилскиот конгрес на ВМРО бил избран повторно за член на Задграничното претставништво во Софија.
Убиен бил на 28 јуни 1921 година во Софија.



 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.