Петок, 04 Февруари 2011    PDF Печати Е-пошта
Одбележани 139 години од раѓањето на Гоце Делчев

goce-delcev-odbelezuvanje-1

Со панихида и со положување цвеќе пред гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев, денеска во црквата „Св. Спас“ во Скопје се одбележа 139-годишнината од неговото раѓање. Литургијата ја водеше протоереј Драги Костадиновски од Скопската епархија.

На гробот на Делчев цвеќе положија премиерот Никола Груевски, придружуван од вицепремиерите Васко Наумовски и Абдилаќим Адеми и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, делегации од кабинетите на претседателот на државата и и на Собранието на Република Македонија, делегација на АРМ, како и претставници на повеќе политички партии, општини, институции и здруженија.

Цвеќе положија и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, делегација од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, од Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, од МАНУ, Сојузот на борци-Главен одбор, македонските иселеници...

По повод годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, во организација на Меѓународната манифестација „Гоцеви Денови“, настапи хорско-музичкиот ансамбл „Борец“ од Скопје. Ансамблот ќе настапи и пред споменикот на Гоце Делчев на плоштадот „Македонија“. Цвеќе ќе биде положено и пред спомениците на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје, Делчево, Струмица и пред неговата биста во село Подгорци.

Историчарот Михајло Миноски по панихидата изјави дека за современата македонска историја нема поголема личност од Гоце Делчев, водечка фигура на македонската револуционерна организација. - Без Гоце Делчев не ќе го имавме Илинденското востание, а тоа е темелот на македонската државност, рече Миноски.

Тој изрази задоволство од се помасовното присуство на граѓаните и за тоа што покрај делагации од државата, има делегации и поединци и од соседните земји. - Тоа значи дека овој ден прераснува во национален празник, кој ги обединува сите Македонци, во државата и надвор од неа, рече Миноски и додаде дека треба да се цени големината на празникот и тој поинаку да се организира. Односно, како што посочи, да има една државна делегација, со што ќе му се даде многу поголемо значење и без делегации на политички партии.

Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, роден е на денешен ден во 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска, на 4 мај 1903 година во селото Баница.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.