Понеделник, 14 Февруари 2011    PDF Печати Е-пошта
Православните верници го слават Св. Трифун, католиците Св.Валентин

sv_trifun-valentainПравославните верници денеска го прославуваат Св. Трифун - заштитникот на лозјата и овошките. Лозарите традиционално го одбележуваат овој празник, надевајќи се дека светецот ќе им помогне грозјето да биде благо, а бочвите полни со вино.

На овој ден се попрскуваат лозјата со светена вода и се поткаструваат се уште незапупените гранчиња со што се верува дека Св. Трифун ќе го заштити родот од разни болести, штетници и од невреме.

По тој повод претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе ја посети винаријата „Визба“ во Валандово и на плантажата „Пирава“ ќе учествува во симболичното закројување на виновата лоза и одбележувањето на Денот на лозарите и винарите. Претседателот Иванов ќе биде придружуван од претставници на дипломатскиот кор, а на настанот ќе присуствува и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за финансии Зоран Ставрески ќе ја посети општина Неготино. Предвидено е Ставрески да го посети Саемот на вино и да учествува во закројувањето лозје на Градскиот плоштад во Неготино.

Министерот за економија Фатмир Бесими во Демир Капија ќе присуствува на прославата на денот на лозарите и винарите. Во Домот на културата министерот Бесими ќе присуствува на доделувањето признанија на поединци и институции за посебни заслуги за развој на лозарството и винарството.

На овој ден, пак, католичките верници го слават Св. Валентин - Денот на вљубените, празник што станува се популарен и кај нас. Вљубените си разменуваат љубовни пораки, си подаруваат цвеќе, чоколади, кадифени мечиња и подароци во облик на срце, а излозите на продавниците се украсени со најразлични подароци во црвена боја.

По повод празниците Св. Трифун и Св. Валентин денеска општина Центар организира настан  „Опиени од љубов, музика и вино“. Во Кавадарци пак ќе биде отворена изложба на ракотворби, фотографии и постери со мотиви од Св, Трифун.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.