Понеделник, 21 Март 2011    PDF Печати Е-пошта
Орден „8 Септември“ за Никола Кљусев

-1_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copyПретседателот Ѓорге Иванов денеска постхумно му додели орден 8 Септември на академик Никола Кљусев, премиер на првата демократски избрана Влада на независна Република Македонија од 1991 до 1992 година.

 

 

 

Орденот му е доделен за придонесот во трасирањето на патот  на самостојната македонска држава, реализирајќи ја волјата на македонските граѓани  непосредно изразена на референдумот за независност на 8 септември. Доделувањето на орденот се совпаѓа со одбележувањето 20 години од изборот на првата експертска влада на РМ.

- Остварувањето на државноста не беше лесен процес. Тој бараше храброст, волја и решителност. Благодарение на лидерството на Никола Кљусев се поставија темелите  и столбовите на независна Македонија. Се создаде македонска национална валута, македонска полиција, македонска армија. Во премрежните мигови, кога низ бившата југословенска федерација се разгоруваше воен конфликт, Македонија успеа да ја оствари својата независност и територијална сувереност издејствувајќи мирољубиво повлекување на тогашната југословенска армија, нешто што не беше случај во другите републики, рече претседателот Иванов во говорот по повод одликувањето на Кљусев.

Тој истакна дека Орденот 8 Септември е можност да се заблагодариме на една од најзначајните личности од поновата македонска историја, за сиот негов придонес во градењето и афирмирањето на Република Македонија како демократска, суверена и независна држава.

- Она за што Никола Кљусев го посвети својот живот, веќе 20 години е реалност. Но, нашиот пат не застанува тука. Она што го започнаа Никола Кљусев и плејадата негови современици, мора да биде достојно продолжено. На нашите граѓани мораме да им обезбедиме просперитет и напредок. Иднината на Македонија е во целосната интеграција во евроатлантските структури, што ќе го гарантира нашиот просперитет и ќе го забрза економскиот развој. И покрај блокадите и непринципиелните опструкции на тој пат, ве уверувам дека ќе истраеме и ќе ја оствариме целта, додаде шефот на државата, кој во присуство на голем број гости, членови на тогашната и актуелната Влада и на семејството на Никола Кљусев, високото одликување му го врачи на неговиот син Људмил Кљусев.

Тој се заблагодари за наградата и рече дека го радува фактот што се продолжува делото на неговиот татко  и се оди по патот што тој го зацртал.  Се присети на првите години кога, како што рече, се градел костурот на македонското државно уредување. Обраќајќи им се на присутните министри од преодната Влада, истакна дека тие како членови на реформаторската Влада ја направиле македонската Перестројка.

m

- Вие го донесовте македонскиот Устав, вие ги покажавте македонските пари, вие излеговте надвор на 8 Септември во Скопје, се разбира со него, ја пеевте македонската химна, го отворивте шампанското. Во деновите на тогашна Македонија, кога над нас стоеше федералната влада на тогашна Југославија, не му беше лесно на Кљусев да и каже не и збогум на армијата. Тој, заедно со неговиот сограѓанин и другар од детството, министерот за внатрешни работи Јордан Мијалков, влетаа во касарните на тогашна ЈНА, ја одзедоа документацијата и ги повикаа македонските синови да се борат за Македонија. За тоа требаат храбри мажи..., рече Људмил Кљусев, кој зборуваше и за ангажманот на неговиот татко како министер за одбрана и за неговите заложби на економски план.

- Јас се надевам, како што неодамна на конгресот во Битола говореше премиерот, дека вие ќе го продолжите тој пат, а вие тоа и го правите, додаде Људмил Кљусев.

klusev

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.