|
||||
Бертрандон де ла Брокиер за Македонците |
За време на патувањето на Бертрандон де ла Брокиер кон Блискиот Исток во 15 век во својата книга „Патување преку морето“ запишува за Македонија и македонците два параграфа: И јас си припомнав за големата потчинетост во која Турчинот го држи царот во Цариград и сите Грци, Македонци и Бугари, па и деспотот на Расија (Рашка) и сите негови поданици, што е многу жално за целото христијанство.А има исто така, како што порано кажав, многу христијани кои присилно го служат Турчинот, како Грците, Бугарите, Македонците, Албанците, Есклавоните, Расијанците и Србијанците, поданици на деспотот на Расија и Власите, кои, како што ми е речено, кога би ги виделе христијаните, а особено Французите, во голем број против Турчинот, тие би му нанесле многу штета и би му го свртеле грбот, зошто тој ги држи во тешко ропство. Извор: |