Понеделник, 04 Јули 2011    PDF Печати Е-пошта
Откриен споменикот на Свети Наум Охридски

sveti_naumСпоменик на Свети Наум Охридски – Чудотворец  висок 6,5 метри синоќа беше откриен во паркот пред Рибниот ресторан во самиот центар на Охрид.

На церемонијата пред откривањето на паметникот на големиот христијански и православен светител Свети Наум пригодна рече даде академик Цветан Грозданов, говорејќи за светецот, неговите дела, култот што го негуваат охриѓани особено за Наум Чудотворецот. Притоа тој нагласи дека чудотворната моќ на Свети Наум ја признаваат и почитиваат дури и луѓе од другите вери.

Градоначалникот на Охрид Александар Петрески во име на градот и граѓаните изрази благодарност на авторот Томе Серафимовски и на сите оние кои изминатиот период активно учествуваа во реализацијата на проектот, за на Градскиот плоштад да блесне монумент со посебна убавина, кој истовремено ќе ја означува нишката на нашата поврзаност со Бога и светителот Наум Охридски.

- Охрид градот светилник на македонската историја облеан од неприкинатата светлина на личностите кои го одбележувале неговото постоење и развој во духовен и културен центар, со должна почит кон својот светител Наум, го поставува ова дело на Градскиот плоштад, презентирајќи пред сите добронамерници уште еден од своите морални и духовни градители, рече градоначалникот Петрески пред присатните на откривањето на паметникот.

Споменикот со црковна церемонија беше осветен од страна на поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, кој рече дека Охрид не можел да добие поубав украс на самиот ден на празникот на Свети Наум од паметник со неговиот лик.

- Верувам дека сте согласни дека во оваа наша духовна престолнина, во овој град на вековите се родили и растеле или доаѓале и го освојувале многу личности, но Свети Наум е еден од оние кои најмногу го освоил Охрид. Никој толку далеку не ја однел славата и вистината на Охрид и нашата вистина и за јазикот и за писмото и за културата и за црквата, сета наша вистина најмногу отишла далеку благодарение токму на овој скромен, преподобен човек, божји верник и голем човекољубец, рече меѓу другото архиепископот Стефан.

Со поставувањето на споменикот на Свети Наум се заокружува духовниот триаголник во центарот на Охрид, каде веќе се наоѓаат спомениците на Свети Климент, патронот на градот и на светите браќа Кирил и Методиј. Инаку, сите три споменици се дело на скулпторот Серафимоски.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.