Среда, 20 Јули 2011    PDF Печати Е-пошта
Духовноста и делото на првоучителот Св. Климент Охридски
Климент Охридски, роден 840 година е најистакнатиот ученик на Кирил и Методиј, кој доследен на своите учители, го продолжил со успех нивното дело.

sv-kliment-ohridski

Дваесетина години во Велика Моравија им помагал на солунските браќа во остварувањето на Моравската мисија. По смртта на Свети Кирил во Рим, Свети Климент заедно со Свети Методиј се вратил во Моравија, каде му останал верен во одбраната на словенскиот јазик во црковната богослужба.

По смртта на Св. Методиј, неговите ученици биле жестоко мачени, потоа протерани дошле во Бугарија, од каде што биле испратени во Охрид.

Климент Охридски е запаметен како основоположник на словенската писменост и култура во Македонија, но и основач на првиот словенски универзитет во Охрид. Тој е првиот словенски писател за кого постојат непобитни докази.

Неговото дело во ширењето на словенската писменост е несомнено значајно.

Во Македонија, особено околу Охридското и Преспанското Езеро, тој изградил многу училишта, цркви и манастири, од коишто некои постојат и до ден денес.

Како основоположник на писменоста на македонскиот народ, Климент Охридски ја продолжил својата дејност и во Охридската книжевна школа, позната како „Прв словенски Универзитет“ која доследно го чувала делото на Кирил и Методиј.

Во словенскиот Универзитет тој оспособил повеќе од 3.500 ученици за црковна богослужба. Паралелно со црковната и педагошката, тој се занимавал и со книжевна и преведувачка дејност. Неговите богати книжевни дела и денес предизвикуваат восхит.

Нему му се припишуваат опширните житија на св. Кирил и Методиј познати како Панонски легенди, најзначајниот извор за проучувањето на животот и делото на солунските браќа. Напишал и поуки за големите христијански празници (Рождество Христово, за Велигден, за Зачатието на Пресвета Богородица, за Благовештението на Пресвета Богородица, пофални слова за други празници на голем број апостоли и маченици.

Делото на основоположникот на македонската писменост, останува и натаму да говори за културата и писменоста на македонскиот народ, преку неговиот споменик во Скопје, дело на академик Томе Серафимовски.

Споменикот на Св. Климент Охридски, македонскиот светец и еден од учениците на Св. Кирил и Методиј е поставен во близина на Соборниот храм, на булеварот кој го носи неговото име.

За академик Серафимовски, кој е вљубеник во македонската духовност, односно во суштината и битието на создавањето на нашата духовност од средновековието, па се до ден денес, споменикот е поставен на едно прекрасно место, со умерена димензија која соодвествува на делото, но и на личноста на Св. Климент Охридски.

- Јас сакав да ви појаснам баш за Св.Климент, кој е во Скопје. Тој можеби во неговиот портрет е сличен на оној Св. Климент во Охрид, но јас композициски го решавав сосема поинаку. Тој во Охрид во левата рака, во својата пазува го држи стариот дел на градот и ги благословува сите дојденци во Охрид, додека овој во Скопје, тој е една сосема друга идеја и една друга концепција. Тука Св. Климент во левата рака ја држи Библијата, еден од преведувачите на Светото писмо, а со десната рака ја благословува Библијата и сите намерници кои ќе дојдат до тој споменик и кои ќе дојдат во Скопје, посебно оние кои минувајќи покрај неговиот споменик влегуваат во нашиот централен црковен храм кој го носи неговото име, истакнува академик Серафимовски.

Овој голем македонски светец, заслужен за македонската писменост, воедно е и заштитник на градот Охрид, како и на целиот охридски крај.

Св. Климент Охридски умрел во 916-та година, а бил погребан во гробот кој самиот си го подготвил во црквата „Св. Пантелејмон“ во Охрид.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.