Среда, 13 Ноември 2024    PDF Печати Е-пошта
Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (6)

Златната порта, како што се нарекува во христијанската литература е најстарата порта која се наоѓа во стариот дел од градот Ерусалим.

Градбата на оваа порта е најверојатно започната околу 520 година п.н.е. од страна на Јустинијан I . Но според други извори таа била изградена во VII век, во времето на Византија. Златната порта се наоѓа околу средишниот дел на Ерусалимскиот храм. Оваа порта е користена и споменaта во Библијата.zlatnata-porta-1

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Кога триумфалното патешествие стигнало до Златната порта, коњот на Ираклиј застанал и несакал да продолжи понатаму. “Така направи, бидејќи го носеше крстот на Христос ” – рекол тогашниот ерусалимски патријарх Захариј. Тогаш Ираклиј се соблекол бос и сам го внесол во Ерусалим преку Златната врата.

Според едно предание по ова, Ираклиј заповедал вратата да биде заѕидана, бидејќи како што рекол штом низ оваа врата поминал Светиот Крст, никој друг не би трабало повеќе да го гази местото со нозе . Според друго предание Златната порта била заѕидана дури во времето на султанот Сулејман Велики – од суеверие – за да не се оствари верувањето на христијаните дека на Судниот Ден, преку оваа порта, одново ќе влезе Спасителот. Слободно ќе помине низ неа и иако е затворена, таа од Неговата сила ќе биде повторно отворена.

Според јудаизмот, оваа порта е всушност портата преку која новиот месија ќе дојде во Ерусалим.

Земјиштето пред Златната порта е најскапото место за гроб во светот. Богати евреи од целиот свет плаќаат многу пари, се со цел да бидат погребани точно овде. Тие веруваат дека на Денот на Страшниот суд ќе бидат воскреснати најнапред евреите, кои се погребани пред Златната порта.

Султанот Сулејман I влегол низ оваа порта во 1541 година и претпоставувале дека тоа е новиот месија. За оваа порта се верува дека калифите ја заѕидале уште во VII век, кога бил забранет влез на Ридот на храмот за сите оние кои не веруваат во исламот.

Оваа порта е свртена кон Кедронската долина.

Низ оваа долина, и тоа токму пред Златната порта, се лоцирани муслиманските гробови.

Денес Златната порта е зазидана.

zlatnata-porta-2

zlatnata-porta-3

zlatnata-porta-4

zlatnata-porta-5

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.