Среда, 11 Октомври 2023    PDF Печати Е-пошта
Ден на востанието на Република Македомија
mogila-na-nepobedenite1941  Во Прилеп борците на Првиот прилепски партизански одред извршиле напад на бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа. Со овој чин бил означен почетокот на востанието на македонскиот народ против бугарскиот окупатор, а со цел конечно ослободување на земјата. На 12 октомври се огласиле и истрелите на кумановските партизани. Почнала четиригодишната крвава НОВ на македонскиот народ за конечо ослободување на земјата која завршила со успех само во еден дел на Македонија.
 
 
Ден на народното востание на Македонскиот народ познат и само како 11 Октомври е државен празник кој се празнува на 11 октомври во Македонија. Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбатата за национално ослободување на македонскиот народ. Тоа е пресвртница во борбата за самобитност и национална индивидуалност на нашиот народ, во неговата борба за слобода, за национални и социјални права, за сопствена државност. Со овој историски чин, македонскиот народ покажал дека на никој нема да му дозволи да го турне на страната на фашистичките окупатори. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку напротив, жешко подрачје за окупаторот на кого му ги расипала сите планови и одиграла значајна улога во целокупниот Ден на востанието на Република Македонија или расплет на Втората Светска војна.
 
Фашистичката агресија и окупацијата на Југославија во 1941 год. ствараат нови, потешки и посложени услови за југословенксите народи и народности во нивната борба за национална и социјална слобода. Македонија, повторно, е поделена помеѓу германскиот, италијанскиот и бугарскиот окупатор. Тоа уште повеќе ја зголемува трагедијата на македонскиот народ - едно поробување се заменува со друго, потешко и помрачно.
Оруженото востание, започнато на 11 октомври 1941 година, претставува исклучително значаен историски чин во долготрајната народно-ослободителна борба на македонскиот народ.
Држејќи се до принципите на герилското војување, припадниците на Прилепскиот партизански одред "Гоце Делчев" (формиран во месноста Црвени Стени, близу до Прилеп), се распределуваат во три групи, го напагаат бугарскиот полициски участок и затворот и вршат прекин на телефонските врски и електричната инсталација.
 
Кумановскиот (Козјачки) партизански одред , бил формиран на 12 октомври 1941 годона, во областа Студена вода, а Карадачкиот партизански одред, во областа Менкова колиба. При првите судири со бугарската војска овие партизански одреди биле разбиени.
Активноста на овие партизански одреди е скромна, но претставува иницајлна каписла за продолжување на борбата.
 
Македонска нација ви го честита празникот на Народно Ослободителната Војна 11 Октомври.
 
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.