Недела, 08 Април 2012    PDF Печати Е-пошта
Велигденска порака на бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов

kiro_stojanovБискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов на велигденската воскресна литургија што се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје ја прочита велигденската порака.

- Драги браќа и сестри - врв на црковната година е прославата на Воскресното  таинство на нашиот Господ Исус Христос. За нас верниците секој празник, а особено Велигденските празници не се само сеќавање, туку секогаш и повторно настани на спасението. Она што во знаци го славиме, она на што се сеќаваме, тоа по неизмерната Божја милост во нас и со нас се случува, ако во тоа таинство влегуваме со силата на верата и понесени со милоста на Божјиот Дух.

Grobot_na_Isus_Hristos-_23.11.2011_27

Во одајата на Последната вечера, Исус ни покажа пример и остави најголем залог на спасението. На учениците им ги изми нозете и им заповеда: ако тој како Учител и Господ тоа им го прави ним, и тие се должни тој чин на љубов и понизност да го прават еден на друг. Со тоа ни покажа, а и го навести темелниот закон на христијанството, а тоа е љубовта кон ближниот. Во таа одаја одѕвони единствената заповед на Новиот завет и тоа токму на Последната вечера: „да се љубите еден со друг, како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици“ (Ив 13,34-35). Нашиот Господ за сите времиња ја одреди „методологијата“ на евангелизацијата, а тоа е дека знак на препознавање меѓу христијаните е љубовта.

Синот Човечки не дојде да му се служи, туку Тој да служи. Значи, прво е љубовта според мерката Исусова, а второ е начинот на љубовта, а тоа е начинот на служењето, а не управувањето или господарењето. И трет знак ни остави, што всушност е и најголемиот дар – тоа е Евхаристијата. Во дарот на Евхаристијата „го оплени и своето човештво“ и се предаде како леб на животот и чаша благословена – тело и крв – како храна за живот вечен. Така го даде и третиот елемент на евангелизацијата, а тоа е Неговото темелно определување за скромност и понизност. Дојде заради грешните, дојде да ги спасува потребните, се обрати кон малите, потребните и грешните и за нив го даде животот, ги повика во пријателско заедништво и ги приклучи кон своето сопствено тело и крв. Нашата вера, всушност, е навестување упатено до човекот дека не е заборавен, дека не е изгубен и не е оставен, туку е спасен.

Браќа и сестри, треба ли да се докажува колку денес луѓето околу нас и ние самите во времето на глобализацијата и новата колонизација, во време на индивидуализам и егоизам се чувствуваме  напуштени, занемарени и изгубени. Во тоа – досега во историјата најтешко отуѓување – кога постои опасност од кршење на оваа цивилизација, силно се крева гласот на Црквата, што со силата на Исус Христос и во Негово име на човекот му се препорачува спасителна вистина: Човече, не си заборавен, не си оставен, не си изгубен, туку си спасен! Твоето спасение е во љубовта, во служењето и во напојувањето на изворот на срцето кое е Божјо, а присутно е во човекот.

Евангелизацијата е одговор уверлив и моќен, како Исусов, загарантиран со крвта и животот: денес ќе бидеш со Мене во рајот. Тоа не е празна утеха, тоа е ветување кое е докажано со жртвување на животот. Тоа е задача на Црквата, простувањето и така да го лекува човештвото, да се љуби и така да се помогне на човекот и да не се дават евтини ветувања, туку да се помогне на секој човек да го најде патот кон вечниот живот.

Велигден е прослава по долгиот пат на барање и молитви, пост и покора, да ни се додели тој дар на верата. И покрај тоа, годинашниот Велигден треба да биде во знакот на  проживеаната и доживеана вера. Современиот свет толку е „затрупан“ со спознанија и информации, што во шумата на поими тешко ги распознава, а особено сознавањето на  вистината. Изобилието на зборови и идеи ја гушат нашата душа за да може правилно да се ориентира во вредностите кои и се нудат. Треба да се спаси слободата на душата. За жал, телото ни е често заробено, психата заведена, но душата мора да остане слободна за да може да верува. Кој не го сретнал Христос Воскреснатиот, не може да го навестува, зашто верата се покажува, а не се докажува.

Драги верници, браќа и сестри, со оваа воскресна порака, сакав заедно со вас да ги споделам и товарот и радоста, и таинството и надежта која ни ја носи славењето на Христовото пасхално таинство. И на крајот, што друго, туку на сите вас - драги свештеници, монаси и монахињи, драги верници - да ви посакам средба со Воскреснатиот. Нека Тој, Воскреснатиот ве посети и увери дека е со нас во сите денови до свршетокот на светот. Со тие мисли, нека ви е среќен и благословен големиот христијански празник Велигден. Христос Воскресе – Навистина Воскресе!, се вели во велигденската порака на бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.