|
||||
Веста за навредливите грчки налепници објавена во американските медиуми |
Сервер предложи Македонија да возврати со налепници „Јужна Македонија“ или „Јас сум Грк и патувам во земја чие име не го признавам“ залепени на возилата на грчките патници во Македонија. Американските медиуми денеска ја пренесуваат веста на Асошиејтед прес, дека грчките гранични полицајци ги обележуваат возилата што влегуваат од Република Македонија со навредливи налепници со кратенката БЈРМ. - Ова е бесправна и неоснована провокација, цитиран е македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски, во текстот објавен на интернет страниците на повеќе американски медиуми како Вашингтон Пост и Фокс, кои пишуваат дека Македонија реагирала до Грција поради новата провокација. Во текстовите објавени денеска во САД, како што јавува дописникот на МИА од Вашингтон, се потенцира дека Грција го блокира македонскиот влез во НАТО, како и дека повеќе од 130 држави ја признале Република Македонија под уставното име. Наведено е дека спорот за името трае уште од 1991 година, поради инсистирањето на Атина дека името Република Македонија претставува територијална претензија насочена кон Грција. Познавачите на балканските состојби во Вашингтон го следат однесувањето на Грција и обележувањето на македонските возила со ознаката „признаено од Грција како БЈРМ“. Американскиот професор и поранешен дипломат Даниел Сервер забележа дека Грција овие денови има многу поголеми проблеми отколку да троши пари за вакви налепници. Сервер предложи Македонија да возврати со налепници „Јужна Македонија“ или „Јас сум Грк и патувам во земја чие име не го признавам“ залепени на возилата на грчките патници во Македонија. |