Вторник, 23 Октомври 2012    PDF Печати Е-пошта
Јас сум Македонија !!!

4469_1143367460475_1116136663_30411933_384870_s

МАКЕДОНЕЦ сум затоа што:
Сум МАКЕДОНЕЦ по род, култура, историја, традиција!
Зборувам MАКЕДОНСКИ!
Ја чувствувам крвта МАКЕДОНСКА во моите вени!
Сум од родот древен на Филип и Александар!
Сум МАКЕДОНИЈА - земја библиска, една и единствена, од секојпат и за секојпат!

Ги има изроди што велат
МАКЕДОНИЈА не е МАКЕДОНИЈА, а
МАКЕДОНЦИТЕ не се МАКЕДОНЦИ!
Сочувствуваме со нивниот таксират!
Ако не го чувствуваат исконското во себе, не можеме да им помогнеме!
Некому со сила можете да му земете, не можете да му дадете!

Луѓето се раѓаат, живеат и создаваат со Божји аманет!
Да не ги заборават делата на оние пред себе!
да не плукнат на нивниот самопрегор, визија и жртва!
Божји аманет е да остават вредност зад себе, кога веќе ќе нè нема!
Божји аманет е да се сака својот род и да се споделува со другите!
Тој што нема чувство за својот род, не може да има чувство за друг!

Вредни сме во светот и вредни сме за светот се додека го негуваме чувството МАКЕДОНСКО во нас!
Само како МАКЕДОНЦИ сме вредност за сегашните и идните генерации!
Само како МАКЕДОНЦИ можеме да го почитуваме другиот и да се грижиме за неговото добро како што се грижиме за своето!

Не ни е сеедно!
Името и идентитетот не се наша сопственост!
Како МАКЕДОНЦИ денес, сме ги наследиле од МАКЕДОНЦИТЕ што биле и сме ги позајмиле од МАКЕДОНЦИТЕ сè уште неродени!

Ги сакам другите оти го ценам мојот корен.
Го сакам светот оти ја сакам мојата земја.
Го сакам животот оти е Божји дар.
Ја сакам МАКЕДОНИЈА оти тоа сум ЈАС!

Затоа, мои МАКЕДОНЦИ, но и сите Вие драги браќа и сестри со вера во Бога, ве повикувамe да се придружите кон овој

А М А Н Е Т

  1. Ни името ни идентитетот МАКЕДОНСКИ не се ни проблем ни прашање! Не се проблем ни за 127 држави во светот. Проблем можат да бидат само за оние што не се сигурни кои се и зошто се! Да нема недоразбирање: Името и идентитетот МАКЕДОНСКИ не се на продажба ниту пак се тема за расправа!
  1. ЕУ и НАТО се заедници на достоинствени нации кои знаат кои се и што се. Како такви нè сакаат и нас. Тие што не се доследни кон себе, нема да бидат доследни и чесни ни кон другите. Само како МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИ сме придобивка за Европа и светот!!!
  1. Сме за разумен компромис до кој треба да стасаат со себе самите оние, кои несигурни во сопствениот идентитет, патетично го негираат нашиот. Имаме сочувство и разбирање за нивниот таксират, но и цврста верба дека еден ден, не многу далечен, ќе смогнат разум и храброст да се соочат со реалноста дека МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ постојат и ќе постојат, како нивни искрени соседи и пријатели!!!
  1. Под името МАКЕДОНСКО нè препознаваат на сите меридијани на оваа наша планета, една и единствена, како што и името ни е едно и единствено!
  1. МАКЕДОНЕЦ е роден водач и победник, одговорен кон себе, кон блиските и кон сите што Бог ги создал. МАКЕДОНЕЦ е втор збор за креација, бистра мисла и чисто срце, за сомилост, но токму затоа и за строгост, кон себе и кон другиот. МАКЕДОНЕЦОТ создава и остава зад себе цивилизациски дела, споделува и поучува, насочува и втемелува. Тоа е генетскиот код на МАКЕДОНЕЦОТ!!!

Човекот во Стариот Завет бил восприеман според принципот:

„какво е неговото име, таков е и тој“

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА !!! И ЕДИНСТВЕНА!!!

Автори на АМАНЕТОТ:

Мане Јаковлески

Панде Лазаревски

Бранислав Саркањац

Марјан Софрониески

Клаудија Лутовска

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.