Вторник, 20 Ноември 2012    PDF Печати Е-пошта
Реакција на „10 дена Крушевска република“ на изјавата на Ѓунер Исмаил за уривање на спомениците

a_1Советот на научно-културните средби „10 дена Крушевска република” реагира на изјавата на Ѓунер Исмаил, член на Советот за култура на СДСМ, дека ќе ги урива спомениците од  националната историја.

- Никола Карев ниту е непријател, ниту случајна личност. Тој е стожерот на Крушевската република која е чедо на македонското револуционерно дело и борбата за слобода. Никола Карев, чиј споменик се најде на листата на оние кои треба да се рушат, во себе го носи најсветлиот идеал на македонскиот народ за самостојност, за слобода - цели кои пред стотина години ги обединиле сите народности кои живееле на овие простори. Зарем да дозволиме нивното дело да биде минирано и заборавено! Крушевската република го носи споменот на сите кои се бореле, и нивното дело е поголемо од оние кои посегнуваат по него, пишува во реакцијата на „10 дена Крушевска република“.

Во дописот до медиумите Советот нагласува дека еден народ е голем онолку колку што си ја почитува својата историја и дека разјадувањето на таа генеза значи поткопување на темелите на кои е изградена и денешната држава.

- Секој споменик одделно и сите градби никнати последниве години заедно, ја јакнат националната гордост правејќи мост помеѓу сегашната генерација и генерации минати, помеѓу стремежот денес и македонската гордост и непокор низ вековите, стои во реакцијата на манифестацијата „10 дена Крушевска република“.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.