Сабота, 05 Јануари 2013    PDF Печати Е-пошта
Божикно обраќање на поглаварот на МПЦ-ОА г.г.Стефан

imagesПоглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г.Стефан се обрати до верниците по повод Раѓањето Христово - Божик.

Во обраќањето се вели:

- Возљубени празникољубци, Бог се јави во тело: беше посведочен од Духот, им се покажа на ангелите, беше проповедан на народите и светот Му поверува...(1. Тим. 3, 16). Со таа голема тајна на побожноста, како сведочи свети апостол Павле, се потврдува вистината за витлеемскиот Настан од пред повеќе од 20 столетија, Настан што ни го покажа слегувањето на Бога на земјата и издигнувањето на човекот на небото, Настан во кој се исполнија сите надежи и очекувања низ вековите, како и верата на сите низ времињата до денес. Така и ќе остане засекогаш!

Во таа витлеемска ноќ се покажа на дело полнотата на времето, зашто Бог и човекот се соединија во личноста на Спасителот Исус Христос: Бог се роди како човек, не престанувајќи да биде Бог, а на човекот му се даде можност да се обожи, останувајќи да биде човек. Во Него, како Син Божји и Син Човечки, совршениот Бог и совршениот Човек, ние познавме и поверувавме дека Бог е љубов и има љубов кон нас (сп. 1. Јн. 4, 16). Оттогаш Бог е со нас, со нашата човечка природа, во нашиот свет и живот, на земјата и небото, во историјата и вечноста.

И, еве, секоја година на овој ден, повторно и повторно се истакнува величината на тој Настан, правејќи го присутен и вистински, и секому близок, Настан што му дава смисла и вредност на нашето живеење и постоење.

Возљубени, празникот на Христовото рождество е време за облагородување, време што помага да познаеме што е свето и што е вистина, време погодно за преиспитување на нашиот однос и кон Бога и кон луѓето...Тоа е празник на мирот, слогата и единството! И кој Го љуби Бога, треба да го сака и братот свој, да ги сака луѓето (сп. 1. Јн. 4, 21). Затоа, таму каде што има недоверба, каде што има расправии и поделби, во име на Помирителот – Богочовекот Христос, да си простиме и да се помириме. Па, како Црква и народ, да го прославиме овој Ден радосно и достоинствено, и овде во Татковинава и насекаде каде што нè има по светот, придружувајќи им се на ангелите, пастирите и мудреците од онаа величествена витлеемска ноќ, како и на сите богољубиви луѓе. Христос се роди! Честито и од Бога благословено Новото лето Господово!.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.