Среда, 13 Август 2014    PDF Печати Е-пошта
Зубовчани на Марена не работат, празнуваат

zubovce-marena

Пред многу векови, според преданијата, во екот на жетвата во зубовското поле, на житните култури, избил пожар и целиот принос на житото изгорел

Киро Кипроски

На 30 јули, најтоплиот ден во годината, на празникот на Света великомаченичка Марина (Огнена Марија), пред многу векови, според преданијата, во екот на жетвата во зубовското поле на житните култури, избил пожар и целиот принос на житариците изгорел .За да се заштитат од пожарите, светицата Огнена Марија ја одбрале за патрон на гостиварското село Зубовце и традицијата на празнување продолжува, никогаш не била прекината

Денот посветен на Света великомаченичка Марина (Огнена Марија), познат меѓу народот како Марена, патронен ден и селска слава на Зубовци, 30 јули, зубовчани величенствено го празнуваа, со што ја продолжуваат вековната традицијата. Неколку стотина гости од гостиварските села, од Гостивар, Тетово, Кичево, Скопје присуствуваа на годинешната прослава и беа задоволни што вековната традиција и обичаите се негуваат и почитуваат.

egej

- Марена беше и остана голем празник за наш зубовчаните - ни вели Сандре Димитриески, кој одамна ја минал осмата деценија од животот. Присетувајќи се на младоста, за дамнешните времиња, за празнувањето и веселбите, ќе рече:

„Неколку денови се подготвувавме за Марена. Ги чистевме дворовите, селските патеки, подготвувавме богата трпеза за гостите кои ни доаѓаа од повеќе места. Празнувањето започнуваше со боженствена литургија во црквата „Св. великомаченица Марина“. Потоа пред олтарот своето судбоносно „ДА“ го кажуваа младоженците. Печалбарите доаѓаа да се оженат со својата сакана или пак да учествуваат на одбележување на празникот и на свадбарските свечености. Марена беше ден за свадби за зубовчани, како што во Галичник Петровден беше ден за свадби за галичани.

Веле Андриески, роден зубовчанец, на 17-годишна возраст заминал на печалба во данскиот град Хелсингер, но никогаш не ги заборавил традициите и обичаите, речиси постојано, со мали прекини, за празникот Марена е меѓу своите и задоволствата никогаш не може да ги заборави.

vladika

„Уште како дете, со дедо ми Славе Андриески, секое утро ги палевме кандилата на црквата Св.Марена, ја чистевме црквата и ја подготвувавме за богослужба. Тоа го работев со години, така бев воспитан да ја почитувам нашата вера христијанска. Тоа воспитување ми помогна и во далечина, далеку од татковото огниште, од роднините, да ме одржува, да ми дава сила да истрајам, да не го заборавам македонскиот јазик, идентитет, македонските обичаи и традиции, и никогаш да не се одродам“, со задоволство ни говореше 61-годишниот Веле Андреески, кој со сопругата Рада, заедно со своите блиски, се веселеа и играа на македонските ора и песни.

„Имав голема желба да бидам кум на Марена. Неколку години чекав и пред три години желбата ми се оствари. Јас, сопругата Рада и децата бевме пресреќни што ни се укажа можност да бидеме кумови на нашата селска слава.“

Годинава на храмовиот празник „Св. великомаченичка Марина“, боженствена литургија отслужи митрополитот г. Јосиф, надлежен архијереј на Тетовско-гостиварската православна епархија на МПЦ - ОА, а потоа го прережа кумскиот колач и ги освети придружните простории (летниковци) на црковниот комплекс „Св. Марена“ во Зубовце. Обраќајќи им се на зубовчани потенцира дека првпат е меѓу нив и е воодушевен, црквата Св. Марена, иако е изградена во 1850 година, одлично се одржува, а со изградбата на додатните простории, летниковците, зеленилото, хортикултурното уредување претставува прекрасен духовен центар.

„Зубовце е прекрасно место, чувајте го и негувајте ги традициите и обичаите, како што ги чинете и досега. Кој совршен уметник може да нацрта толку многу убавини, освен Божјата премудрост. Затоа, да продолжиме да опстојуваме на овие простори“, рече во кусата беседа митрополитот Јосиф.

Денот на света Марена е 30 јули и се смета дека е најтоплиот ден во годината. Како што ни вели нашиот соговорник Мане Јаковлески, празникот е поврзан со големи горештини и поради тоа има непишани правила и обичаи, кои зубовчани внимаваат и ги почитуваат: На овој ден не се работи, ниту дома, ниту во поле. И летово жетвата започна со задоцнување и на овој ден беше прекината. Се смета доколку се работи може да избие пожар и да се уништи летнината.

„Годинешното празнување на св Марена беше величествено. Два дена се празнуваше. Прославата започна со вечерен концерт на македонски народни песни и ора спроти празникот. Црковните обичаи продолжија на денот, а потоа се одржа голем црковно-народен собир. Секој гостин, присутен на прославата, беше нагостен со посно гравче и риба, салати и студени безалкохолни и алкохолни пијалаци“, ни вели Сашко Страшески, потпретседател на Црковниот одбор на с. Зубовце.

Во организацијата покрај членовите на Црковниот одбор учествуваа и многу зубовчани. Традицијата на Св. Марена ќе продолжи и наредните години. Исто така, ги негуваме и обичаите и традициите за Бадник, Божик, Водици, Св. Трифун, Велигден, Петковден и на другите верски празници.

Превземено од Утрински весник:

http://www.utrinski.mk/?ItemID=3F3193C85F62C44087223455078266D0

Mane-Kire 21

Mane-Kire 41

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.