Среда, 23 Септември 2015   
Светскиот Македонски Конгрес во Европа

Пишува: Тодор ПЕТРОВ

Во организација на Македонскиот клуб МАКЕДОНИЈА од Хајделберг, СР Германија, во 1992 година, Македонците во СР Германија започнуваат подготовки за семакедонско обединување во организацијата ОБЕДИНЕТИ МАКЕДОНЦИ ЗА ЕВРОПА. Првото Собрание на организацијата Обединети Македонци за Европа е одржано на 6 и 7 февруари 1993 година во Штупферих, СР Германија. На Собранието е донесена одлука за обединување во единствениот Светски Македонски Конгрес чијшто претседател е Тодор Петров, под името Македонски Конгрес за Европа. За прв претседател на организацијата ОБЕДИНЕТИ МАКЕДОНЦИ ЗА ЕВРОПА е избран Ванчо Минов од СР Германија.

Второто Собрание на Македонскиот Конгрес за Европа е одржано на 17 и 18 јуни 1995 година во Сенденхорст, СР Германија. За Претседател на Македонскиот Конгрес за Европа е избран м-р Веле Алексоски од СР Германија со мандат до 25 април 1998 година.

Третото Собрание на Македонскиот конгрес за Европа е одржано на 22 февруари 1997 година во Синделфинген, СР Германија.

Четвртото Собрание на Македонскиот Конгрес за Европа е одржано на 25 април 1998 година во Ремшаид, СР Германија. За Претседател на Македонскиот Конгрес за Европа е избран Драги Богоевски од СР Германија.

Петтото Собрание на Македонскиот Конгрес за Европа е одржано на 9 октомври 1999 година во Оснабрук, СР Германија. За Претседател на Македонскиот Конгрес за Европа е избран Насто Палиоски.

Шестото Собрание на Македонскиот Конгрес за Европа е одржано на 17 март 2001 година во Синделфинген, СР Германија. За претседател на Македонскиот Конгрес за Европа е избран Иљо Тодев со мандат до 17 март 2005 година.

Во Македонскиот Конгрес за Европа беа обединети сите здруженија на Македонците во Европа од Шведска, Норвешка, Финска, Белгија, Данска, Холандија, Луксембург, Франција, Германија, Полска, Швајцарија, Италија, Австрија, Словенија и Хрватска.

gosti-od-mnogu-strani

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.