Среда, 08 Февруари 2023   
Некои од сеќавањата на 3.500 илинденци, непознати или помалку познати учесници во македонската револуционерна борба, се содржани во првиот том на „Илинденските сведоштва“

Неговиот исказ кој даден преку градскиот народен одбор во Битола, до президиумот на народното собрание на Народна република Македонија во 1947 година е дел од 3.500 досиеја за учесниците во македонската револуција што сега се дел од богатиот збир историски документи кои се депонирани во Државниот архив на Македонија. Некои од сведоштвата на илинденците се содржани во првиот том на „Илинденските сведоштва“ за сеќавањата на обичните учесници во македонската револуционерна борба, а кои никогаш не биле слушнати.

По формирањето на новата македонска држава на 27 јули 1946 година се носи закон за одобрување на илинденски пензии. Претходно, во 1943 година бугарските окупациски власти донеле сличен закон за паричен надомест за некои од учесниците во револуционерната дејност. Тогашната пензија изнесувала околу 4.500 лева. По ослободувањето износот на пензиите се движел од 1.000 до 4.000 динари. Подоцна, со измените на законот и со заострување на критериумите за добивање право на илинденски додаток, износот стигнувал до 8.000 динари. Но оваа сума ретко кој ја добивал поради недоволните средства во државните фондови, но и поради намалувањето на бројот на барања и возраста на илинденците.
- Илинденското востание е темелот на македонската држава. Ги знаевме само хероите и битките, но малку или воопшто не се говореше за обичните учесници во илинденскиот период - вели Јасмина Дамјановска од Државниот архив на Македонија, која со колегите Ленина Жила и Филип Петровски се коавтори на „Илинденски сведоштва“.

Најмногу податоци има за периодот од 1883 до 1908 година, но илинденците даваат и драгоцени информации за создавањето на новата македонска држава до времето на колективизацијата. Биографиите содржат податоци и информации за многу настани од овој период и за дејствувањето на македонската револуционерна организација. Илинденците сведочеле за тоа како влегле во организацијата и за принципите за кои се залагале, раскажувале за чинот на заклетвата, но и за нивните мотиви за ослободување од турскиот јарем.

Илинденците биле со различни професии. Имало занаетчии, земјоделци, сточари, учители, свештеници... Имало и жени. Најголем дел од нив биле од западна и од централна Македонија и биле концентрирани во битолскиот, прилепскиот и во охридско-ресенскиот регион, но ги имало и во другите делови на Македонија. Во организацијата биле на разни позиции и извршувале најразлични задолженија. Жените најчесто биле курирки, им помагале на војводите и на преостанатите учесници во криење, обезбдувале храна и сл. Меѓу илинденските пензионери помалку имало војводи и селски началници.
Крсто Гермов Шакир бил војвода, кој барал да му се признае илинденската дејност и правото на лична илинденска пензија поради активно учество во народноослободителните борби и во борбите во Илинденското востание.

„Во 1901 година сум влегол во градот Прилеп во организацијата. Во 1902 година го застрелав шпионот Врба од Кадино Село, Прилепско, кој ја предаде четата на Методи Патчев во Кадино Село. Тогаш станав нелегален и станав член на четата на Петар Ацев. Во Илинденското востание бев секратар на четата раководена од Толе Пашев. По неговата смрт, јас го наследувам во борбите во мариовскиот крај. Бев осудуван на смрт од турското правосудие и во 1908 година бил сум во затвор две години. За време на окупацијата симпатизирал наородноослободителна борба на народите на Југославија“, пишува во архивските документи.

Донка Буџаковска од Крушево, во сведоштвото раскажува како положила „крстена заклетва“ пред Коста Шкодра, војвода, и учителот и бајрактарот Томе Никле, сите од градот Крушево.
„Бев одредена за курирка за носење пошта и оружје. На таа должност бев до опсадата на Ракетничкото востание во 1902 година, за ослободување на македонскиот поробен народ од турската Отоманска Империја и јаничарскиот зулум. Во опсадата загинаа 12 души, Велко војводата, учителот Киро Кара и бајрактарот. За другите не помнам имињата. По опсадата добивам друга должност, по селата и Крушево собирам куршум и олово и стари калајни садови. Бидејќи се собраа доста, со наредба на Питу Гули да се напраи леарница во нашата куќа, да се напраат куршуми и да се испраќаат за четите“, пишува Донка.

Во записите кои ги поседува Архивот се даваат информации за начинот на водење на архивите на организацијата, но и податоци за внатрешните пресметки и предавства на некои поединци. Особено е важно тоа што некои од илинденците, иако поради возраста не можат директно да учествуваат во народноослободителната борба против фашистичкиот окупатор, даваат секаква поддршка на партизанските организации. Покрај логистиката со храна и облека, членови од нивните семејства активно се вклучуваат во НОБ и во изградбата на новата македонска држава.

За продолжувањето на страдањата на македонското население и желбата за ослободување од окупаторските сили по поразот на османската власт во Балканските војни сведочи и самиот Никола Богданов, кој потекнува од селото Мокрени, во костурската околија.

„По востанието, со одлука на грчката власт бев интерниран на островот Крит и по втор пат на островот Ихос. Бев прогонет од монархофашистичките банди... Останав без средства за егзистенција. Имам три сина кои се борат во Егејска Македонија и се борат со пушка во рака за да ја зачуваат честа на македонскиот народ“, пишува тој во молбата, по која му била одобрена пензија од 1.000 динари.

Ташко Арсов бил војвода од Охрид, имал свој печат и се претставувал како македонски револуционер деец. Бил и секретар и имал целосна архива за учесниците од демирхисарскиот реон за периодот од 1904 до 1907 година.
„Хуриетот излезе лаж. Па во април 1909 година ги посетував селата околу Демир Хисар. Кај селаните агитирав оти младотурците нѐ излажаа со нивниот хуриет и да се готват за ново поголемо востание за ослободување од нив. Бев предаден од зашлченскиот шпоин, поп Костадин од с. Брезово. Дојде еден жандарм и нѐ арестаа со другарот. Нѐ затворија во затворот во Битола“, запишал Арсов во своето сведоштво кое го потпишал своерачно.

- Овие сведочење се дел од секојдневната историја, односно орална историја. Најголемиот дел од историчарите ја избегнуваат и посветуваат внимание на пишаните документи. Ова не се мемоари, а сведочењата се насочени кон докажувањето на правото на пензија. Но не значи дека тие се помалку важни и претставуваат основа за натамошни истражувања. Тие даваат информации за настани и личности кои биле помалку споменувани, особено што со жалбите давани по одбивањето на барањето за пензии биле приложувани нови документи и фотографии. Секако, тие имаат и свое значење за културолозите, антрополозите и за лингвистите. Нудат масовни извори за квалитативни податоци од кои може да се направи преглед и да послужат и за други истражувања - вели Јасмина Дамјановска.

Објавувањата на овие сведоштва треба да бидат поттик и за другите граѓани кои поседуваат фотографии или документи од илинденскиот период и да ги доставуваат до државниот архив. Целото издание на „Илинденски сведоштва“ ќе се состои од пет тома. Вториот том се планира да биде завршен до крајот на август годинава.

Фото:

nikola-bogdanov

malinka-veljanovska

Малинка Велјановска

Човек човеку не му бидит роб

„Родена сум 20.2.1875 во с. Ракитица, од краино бедни родители. Работев при турските бегове во Ново Село и како таква од моите млади години се носев со мисла да ке доид еден ден да се ослободам да човек човеку не му бидит роб. Моиот маж Наидо беше член на македонското револуционерно движење и јас постанав истото, како таква на четите носев оручје, храна, обувки, писма... Во нашата куќа беше сардисана четата на Вело војводата во 1902 година. Од четата загинаа шест души и куќата ја запалија турските воиски и башибозук. Три пати бев терана во турскиот мудурлук во с. Прибилци. Бев тепана и пошто не признавав дека работам за четите ме пуштија. Ова мисла не можеше да ми излезе од главата и зато бев во врска со четите...“ Од сведоштвото на Малинка Велјановска.

mitko-jovanovski

Митко Јовановски

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Нова Македонија

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.