|
|
Одржан семинар за Македонија во Берлин |
Во преполната сала во Rathaus Schöneber - седиштето на поранешната Берлинска влада, се одржа семинар на тема „Македонија на пат кон Европа“. На семинарот зедоа учество дипломати од неколку Амбасади и тоа: Кина, Египет, Русија, Британија, Словачка, Чешка, Бугарија, Хрватска, Шведска, Индонезија, Франција, Италија, Словенија, Полска. Исто така на Семинарот во Берлин присуствуваат голем број журналисти, политичари и пријатели на Македонија. |