Среда, 30 Мај 2012   
Таен документ на Рајхот - Телеграма Бр. 4 од 10.9.44-Белград бр.1915

НАЈИТНО

По консултациите со тука дојдените проминентни бугарски бегалци од Бугарија и Македонија, како и впечатоците од високорангираните германски официри, според последните настани во Бугарија и Македонија владее потполн хаос. Целосно се распаѓа бугарската армија и управа, не ги повикуваат офицерите на никаква активност, а уште помалку за борба против Русија, или против нас. Генерално, безумно бегање на Бугарите накај дома, загрижени за нивната сопствена сигурност.

Денеска, не можеме да сметаме на никаков договор за некакви воени бугарски елементи или национална криза во ниту една форма или цел.

Истото може да го потврди и Иван Михајлов (Iwan Michailoff), кој поради долгогодишниот престој во затвор ги изгубил контактите со неговите приврзаници од „ВМРО“(Imro)*и сега со неговото враќање ниту во Стара Бугарија, а ниту во Македонија  не може да добие никакви вредни информации.

358027

Oрганизација не му стои нему на располагање и создавање на таква можност при вакви односи е невозможно, како и создавање на една независна Македонија.

Ова прогласување ќе биде потврдено по во меѓувреме спроведеното патување на Генералниот конзул Вите и ЛР Грабенс со персоналот од Скопје,  за што ќе можете да го искажете и своето мислење, доколку постојат уште некакви изгледи за тоа.

Новата Бугарска Влада во однос на ова прашање едногласно се изјасни како левичарско комунистичка република и Влада со непријателски погледи кон монархијата, што и врз основа на моите лични сознанија го потврдувам со мојата изјава.

Од двајцата нови намесници, едниот е Венелин Ганев (напишано е Денелин Ганефф, Detelin Ganeff), кој е познат како многу интелигентен правник. Поранешен приврзаник на радикалната партија, неколку пати бил министер и пред неколку години и амбасадор во Париз, од пред некој период целосен симпатизер на англиските масони, на левичарските-социјалисти.

Вториот е Тодор Павлов, порано долги години работел како професор во Русија , важи за теоретичар на комунистичките идеи и идеали.

Шефот на бугарската делегација во Русија, проф. Михаилов (Michailoff) (или Михаиков (Michaikoff)) долги години живеел во Русија, важи за пријател на совјетите и ....(нејасен текст) сакал да замине за Москва.

Новите луѓе во кабинетот се чини дека целосно се под влијание на организацијата „Звено“ (пиш. З*ано)- Кружок под водство на сегашниот премиер полковникот Кимон Георгиев (Kimon Georgieff) , полковникот Дамјам Велчев (Damjan Weltscheff) и социјалистите и сегашниот министер за пропаганда Димо Казаков (Dimo Kazakov), кои уште во годините 1934/35 преземаа мерки за подривање на монархискиот режим, кои поради енергичните интервенции на кралот во краток период беа згаснати. Членовите во свое време беа осудени во отсуство, некои на смрт, а дел од нив беа протерани.

Нивната цел беше Република и едно политичко заедништво со Југославија.

Кимон Георгиев, кој и самиот дури неколкупати бил министер, а е познат и како безмилосен, енергично левичарски ориентиран републиканец.

Димо Казаков е левичарски социјалист, бил министер, а подоцна и конзул во Белград.

Повеќето членови на кабинетот беа левичарско оријентирани водачи кои во свое време им се препишуваат на комунистичките групи на ....партија.

Во ваква моменталната состојба, која се однесува на предвидената средба, во голем дел на југоисточното патување во Скопје, во однос на тоа ли е разумна и бескорисна ќе бидам задолжен да ве известам на време.

За бугарското прашање ви стојат на располагање дипломатот Нојбахер и чека средба генералниот конзул Мите итн. од Скопје, кои имаат намера да се состанат со дипломатот Алтенбург во Виена.

Кноте (Knothe)

Јункер (Junker)

taen-dokument-na-rajhot-10-9-1944-1

taen-dokument-na-rajhot-10-9-1944-2

taen-dokument-na-rajhot-10-9-1944-3

taen-dokument-na-rajhot-10-9-1944-4

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.