|
|
Полномоштно од Драган Богдановски |
Јас Драган Богдановски, претседател на Координативниот комитет на ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство со ова го ополномоштувам братот Спасе Трпоски од Сиднеј да има право да формира основни организации на ВМРО-ДПМНЕ насекаде во Австралија каде за тоа има услови, а исто така да има право да собира материјална помош за Германија. Секој кој сака да се увери во вистинитоста на ова полномошно може да ми телефонира на следниот телефонски број во Берлин: 030 883 85 49 или да ми пише на следната адреса: Bogdanovski Dragan, Restaurant Novo Skopje; Kurfurstendamm 38, Berlin 15, West Germany. Во Берлин, на 16 јули 1990 год. Драган Богдановски
|