Среда, 20 Септември 2023   
МАКЕДОНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, ДРУШТВА И АСОЦИЈАЦИИ ВО САД (35)

1org1

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ(ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН 

Македонските селски и околиски социјално – културни братства во САД ги зачувуваат своите национални вредности, а во исто време го збогатуваат мозаикот на мултинационалните култури во новите средини во Детроит

МАКЕДОНСКИ ЛЕКТОРАТ ВО ДЕТРОИТ. Македонскиот јазик с# повеќе станува инте­ресен за бројни лингвисти во САД и Канада, како и за младите генерации од македонско потекло кои пројавуваат интерес за корените на своите претци. Така, во септември 1991 година, со голема по­д­­­­­­­др­ш­ка на про­фесори на Уни­верзитетот “Мичиген” во Ан Арбор, заедно со го­ле­мото за­лагање и заин­те­ре­сираноста на Македонците од МПЦ Св. Бо­го­ро­ди­ца во Детроит, беше отво­рен Македонскиот лекторат. На четири семестри беа запишани првите сту­денти кои ги завршиле студиите и тоа беа пр­ви­те македонисти.

Исто така, подолги години со успех работеше македонски лекторат во Портланд, Орегон, Сеатл, Вашингтон и во Темпи, Аризона. Така, во 1982 година бил отворен Лекторат по македонски јазик на Државниот универзитет во Портланд. На Универзитетот во Сеатл, започнал лекторатот во 1988 година. Потоа, во 1991 година за првпат македонски јазик се предавал на еден летен курс во Државниот универзитет во Темпи, Аризона (град збратимен со Скопје). Во 1995 година имало летен курс и на Универзитетот во Питсбург, Пенсилванија.

ОБЕДИНЕТИ МАКЕДОНЦИ” ВО ДЕТРОИТ. Иницијатива за формирање ог­ранок на националната организација “Обединети Македонци” се родила на 16 ноември 1968 година во Торонто, а се реализирала на состанокот одржан на  7 јуни 1969 година во Детроит. Овој огранок на организацијата “Обединети Ма­­кедонци” од Северна Америка бил единствен кај македонските доселеници кој бил активен во САД.

Новата организација “Обединети Македонци”, пак, била формирана на 5 мај 2000 година, исто така, во Детроит. Таа е самостојна, но соработува со денеш­на­­­­та организација “Обединети Македонци” од Торонто. Целите на оваа орга­ни­зација се меѓу другото, да работи за националното единство на Ма­ке­донците каде би­ло во светот, без разлика на нивното религиозно верување, политичко ми­слење или член­ство.

АМЕРИКАНСКО-МАКЕДОНСКА БИЗНИС АСОЦИЈАЦИЈА. Оваа асоцијација била формирана во Детроит во 1990 година. Во неа членуваат одреден број бизнисмени од македонско потекло кои живеат во метрополата Детроит и други градови ширум САД.

“АМЕРИКАНСКО-МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА”. Оваа асоцијација била фор­мирана од група познати и признати патриоти и бизнисмени. Тие ма­ке­дон­ски доселеници, чиј број е претежно од тетовскиот крај, ја регистрирале асо­­цијацијата во ноември 2001 година. Таа, меѓу другото, има за цел да ги збли­­жи САД и Република Македонија на политичко и економско поле. Во состав на асоцијацијата со успех работи “Македонски фонд за помош”. Таа била ор­га­низатор на мирните собирања, како и на многубројните средби, разговори, три­бини и посети на расселените Македонци од Тетовско, што се одржаа во октомври 2001 година во Република Македонија. “Американско-македонската асоцијација” извршила силен притисок кај македонските и кај американските власти во врска со етничкото чистење на Македонците и враќањето на нивните огништа во Тетовско.

“ПОМНИ”. Во почетокот на 2002 година, организацијата “ПОМНИ” (Преродба и обединување на македонските национални интереси) била регистрирана како хуманитарна асоцијација. Меѓутоа, таа е дел на политичката партија “ПОМНИ” во Скопје. Оваа организација е активна во Њу Џерси, во Чикаго и Детроит.

КУЛТУРЕН КЛУБ “ШАР”. Оваа асоцијација била формирана во 1968 година во Детроит и вршела културна мисија меѓу Македонците.

БСК “БЕЛОИШТА”. Белоишкиот спортски клуб е еден од најстарите и најактивните во Детроит. Тој бил формиран во 1972 година од доселеници од селото Беловиште, Тетовско, кои се едни од најбројните во метрополата Детроит. Тие се организатори на пикник и на селската слава посветена на св. Атанасиј. Клубот е сопственик на место и сала каде се одржуваат голем број прослави и другарувања.

ФК “ВАРДАР”. Фудбалскиот клуб “Вардар” бил формиран на 23 јануари 1973 година од група спортски ентузијасти од Детроит. Името било дадено по углед на ФК “Вардар” од Скопје. Овој фудбалски клуб започнал да се нат­пре­варува во Првата детроитска аматерска лига. Тој е од првите македонски фуд­балски клубови во САД, кој постигнал завидни резултати во своето по­стоење.

ДРУШТВОТО “МЛАДОСТ” ОД СТАРО СЕЛО. Едно од поголемите селски друш­тва во Детроит е, секако, друштвото “Младост” на доселениците од Старо (Старе) Село, Тетовско. Тоа е формирано во мај 1976 година, за селската сла­ва Ѓурѓовден. Друштвото “Младост” е сопственик на фарма каде биле ор­ганизирани голем број пикници, културни, спортски и други манифестации.

     1org11

Панорама на Тетово

ДРУШТВОТО “ИЛИНДЕН” ОД РОГАЧЕВО. Во држава­та Мичиген во САД има околу педесет семејства од селото Рогачево, а само во Детроит има трие­се­тина семејства. Друштвото “Илинден” постои од 1979 година. Оттогаш доселениците од ова село го слават и верскиот и национален празник Илинден. Ис­то така, тоа ја организира и селската слава св. Спас, како сеќавање на славата во нивното село Рогачево.

ДРУШТВОТО “КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ” ОД ТЕАРЦЕ е соби­ра­лиш­те на ма­ке­дон­­ски­те доселеници по потекло од Теарце, Тетовско, кои живеат во Детроит и во Винд­зор. Тоа е формирано на 8 јуни 1986 година, кога голем број теарчани и нивни пријатели од другите тетовски села организирале пикник. И денес ова друштво е доста активно и е организатор на теарскиот пикник и на славите посветени на Митровден и на Св. Никола.

ПРАВОСЛАВЕН КУЛТУРЕН КЛУБ “МАКЕДОНИЈА”. Оваа асоцијација е продолжение на Културниот клуб “Шар” што бил формиран во 1968 година. Под новото име “Македонија”, клубот бил регистриран во 1988 година.

КУЛТУРНОТО ДРУШТВО “ПОЛОГ”. Оваа асоцијација била формирана во септември 1988 година во Детроит. Името го добила поради бројноста на доселениците од Тетовско, односно од полошкиот крај. Уште на почетокот имало околу 350 членови. Друштвото е официјално регистрирано кај локалните аме­ри­кан­ски власти во Детроит.

Во првата година друштвото “Полог” започнало да организира пик­ни­к кој бил традиционален и на кои присуствувале македонските доселеници од сите де­лови на Ма­ке­до­нија. Друштвото организирало повеќе игранки на кои се со­бра­ле финансиски средства за хума­нитарни потреби. Една од таквите акции што ја спровело друштвото била из­градбата на манастирот Св. Наум Охридски на Попова Шап­ка.

Во поново време меѓу членовите на друштвото “Полог” се спроведени акции за обнова и изградба на православните цркви и манастирите во те­тов­скиот крај, особено за обновата на Лешочкиот манастир Св. Атанасиј.

Друштвото “Полог” во првите години од основањето развивало многу успешна дејност, потоа активностите се намалиле. Во последните неколку години друштвото повторно зајакнува и развива бројни активности. Така, од 2000 година друштвото “Полог” е организатор на голф турнирот кој станал традиционален. Потоа, во состав на друштвото од септември 2001 година со успех работи македонскиот радиочас, а се организираат различни собирања и другарувања на голем број македонски доселеници од тетовскиот крај.

ДРУШТВО “ПРЕСПА”. Основано е во 1988 година, како културно-про­светна организација, во која членуваат македонските доселеници од Преспа. Според неговиот правилник, секој преспанец може да биде негов член и да биде избран во раководните тела на друштвото. Исто така, во него можат да членуваат и Македонци од други делови на Македонија, но без право на избор во управата.

Друштвото “Преспа” било организатор на “Деновите на македонската култура”, манифестација која денес не се одржува. Неговиот паричен фонд се збогатувал од доброволни прилози и организираните игранки, концерти и сл. Дел од собраните средства се давани на црквата Св. Богородица, а дел и на црквата Св. Ѓорѓи Кратовски од Детроит.

Прололжува

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

ДУИ стана бренд на криминалот

Ковачки: ДУИ стана бренд на криминалот, криминална структура која не му мисли добро на сопствени...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.