Среда, 30 Октомври 2024   
РАДА РАДЕВСКА ШАПАС – АКТИВЕН ЧЛЕН ВО МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ТОРОНТО (26)

11 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Рада Радевска Шапас беше една од активните членови на драмската секција, настапувајќи во "Чорбаџи Теодос", а од самиот почеток беше активна во Старскиот дом и беше меѓу оние што ги ставија темелите на Литературното друштво "Браќа Миладиновци". Нејзините поетски стихови се објавувани во повеќе весници и списанија. За својата богата дејност, таа е повеќепати наградувана и пофалувана, меѓу кои и од провинцијата Онтарио. 

Рада Радевска Шапас е родена во селото Велмевци, Кичевско, во револуциониот крај во западна Македонија. Уште од раното детство во 1941 година фамилијата Радевци се преселува во Бугарија – Долни Дабник, Плевенско. Таму Рада го завршува основното образование. Во 1945 година семејството Радевски се враќа пак во селото Велмевци, каде што Рада го продолжува своето образование и во 1948 година се доселуваат во Битола. Нивната печалбарска сага започнала во 1959 година кога патот засекогаш ја донесе Рада во Торонто, Канада..

Инаку, две години пред да замини за Канада, во 1957 година Рада запливала во брачните со Александар Шапас, Македонец од големото македонско село. Буф, Леринско, кој се доселил во Канада во 1947 година, но дошол во Македонија  и ја бендисал Рада. Во бракот Рада и Алек имаат два сина Димче и Јован.

По доаѓање во демократска Канада Рада Радевска се вклучува во работата на патриотската организација "Обединети Македонци" во која и е бирана во раководните тела. Учествува во прославатана Гоцевиот роденден и други манифестации.

Бидејќи нејзината желба и определба била постојано да биде во македонската комуна, па така и се вклучува во работата на Женската секција во која е бирана за заменик благајник. Освен извршување благајник на ООМ во времетраење од две години, како и член на Контролната комисија, та го иницирала формирањето на Женската секција на ООМ, чиј претседате била во еден мандат за претседател на оваа важна гранка од активноста на "Свети Климент Охридски" во 1965 година.

Таа била член на организацијата „Обединети Македонци“ уште од основањето на организацијата, активен член при собирањето на средства и градење на црквата „Свети Климент Охридски“ во Торонто. Настапувала во Драмската секција „Илинден“, активен член била на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, а објавувала свои песни во повеќе весници: „Печалбари“, „Македонија“, „Климентов збор“, „Духовна искра“, „Македонски глас“, „Наше новине“ и други.

Така, за особено одбелеѓување на Рада е за организирањето на Илинденскиот пикник во 1972 година. Имено, ајсвечениот дел на прославата беше на 6-ти август, на грандиозниот Илинденски пикник во Интернационалниот парк. Осамна сончев, неделен ден и небото над Торонто блескаше во синевина.

Веќе од 6 часот наутро почна да тече непресушната река автомобили во зелените ливади и шуми на Интернационалниот парк, која до 3 часот попладне не престануваше. „Обединети Македонци" можеја да бидат задоволни, зашто ова беше една од најуспешните прослави на Илинден; се собраа ловеќе од 20 илјади Македонци од сите делови на Македонија и нивни канадски пријатели.

Во тој период „македонската метропола", како што многумина го нарекуваат Торонто, беше најголемата македонска патриотска оаза, чија главна движечка сила беше македонската културно-просветна организација „Обединети Македонци", која организираше неколку-дневна прослава на Илинден.

Исто така, Рада Радевска Шапас беше активна уште од формирањето на Пензионерскиот дом. Таа учествуваше во неговата работа и во активностите организирани од асоцијацијата „Ќерките на Македонија“. Повеќе пати била учесник на литературни читања во Домот, при што нејзините песни беа со неизмерна љубовта кон родната македонска земја и кон своите македонски собраќа во далечната канадска втора татковина.

Записничарот ќе забележи дека на тој состанок биле присутни: Вера Петревска, Стефан Букчев, Драгица Белчевска, Никола Белчевски, Благица Дафовска, Ристо Милјановски, Алексо Лозановски, Танас Јовановски, Перса Гиневска, Петар Гиневски, Драгица Димовска, Ратка Шапас, Тони Марковски и Михајло Дафовски.

Поминаа само десетина дена и на 16 март беше избран првиот Управен одбор на друштвото, во состав: Благица Дафовска, претседател, Никола Белчевски, потпретседател, Драгица Димовска, секретар, Ратка Шапас, благајник и Вера Петревска, координатор, кои раководеа со активностите две години.

Tреба да се одбележи дека од мај 1990 година Друштвото е организатор и домаќин на манифестацијата „Денови на македонската култура”, која стана традиционална форма и содржина во неговата работа и дејствување. Не ретко, нивни гости и соработници биле писатели, културни и научни работници од републиката, а станале и почесни членови: Анте Поповски, Орде Ивановски, Божин Павловски, Блаже Ристовски, Мето Јовановски, Јордан Плевнеш, Вера Стојчевска-Антиќ, Коле Мангов, Славе Николовски-Катин, Љубиша Георгиевски, Петар Темелковски, Петре М. Андреевски, Вангел Божиновски, Ката Мисиркова-Руменова, Илинден Спасе, Раде Силјан и други.

Рада Шапас е автор на стихозбирките „Отаде океанот“, на македонски и „Мајска радост), на макеонски и англиски јазик. Тие се издадени во 2006 година од издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје, а се подготвени и уредени од авторот на текстот, Славе Катин. Стихозбирките се голем придонес во иселемичката книѓнина.

Исто така, Рада Радевска Шапас  е автор на делото „Историја на македонското иселеништво во Канада и САД Том I – Организацијата „Обединети Македонци 1959-1999“, издание на „Менора“ од Скопје, 2000, чиј рецензент беше д-р Орде Иваноски. Публикацијата содржи 470 страници текст, проследен со бројни фотографии, кои визуелно го дополнуваат сознанието на читателот.  

  

Третиот дел содржи четири наслови, меќу кои за селските друштва од 1906 до 1949 година и Македонскиот народен сојуз во Америка и Канада.  Четвртиод дел е најобемен, Во него се дадени текстови за националната организација „Обединети Македонци“ од Торонто.

Оваа историско дело кое за прв пат е печатено на македонски јазик  е убав пример да осветли дел од  вистината за македонскиот народ и за Македонија  во демократска Канада .Во книгата се третира историскиот развој на македонскиот иселеници  во периодот од Илинденското востание до денешното формирање на македонската независна, демократска ја самостојна држава - Република Македонија.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.