Среда, 13 Ноември 2024   
ПЕЧАЛБАРСКИОТ КОПНЕЖ НА САНДРА ГРЕЖЛОВСКА – НИЧЕВСКА (28)

111 copy copy copy copy copy copy

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Често се вели дека печалбарството за Љубојно, а и за цела Преспа е и среќа и судбина. Тоа е река што не сопира и процес кој продолжува со векови. А судбината била сурова и, меѓу другите ги однела на печалба Јосиф и Сандра (Грежловска) Ничевски, кој најпрвин заминале во Вулунгонг, Австралија, а потоа во Торонто. Тие живееја педесетина години во Канада, каде имаа времен дом, но како вечен сон Македонија ги врати за на век.

Иселениците Јосиф и Сандра Грежловска - Ничевски потекнува од убавото и печалбарско преспанско село Љубојно. Неја ја задоил печалбарскиот леб, бидејќи нејзиниот татко, заедно со една поголема група Македонци од Долна Преспа, биле меѓу првите печалбари во Соединетите Американски Држави, традиција што се пренесува од колено на колено, така што и Сандра со својот сопруг Јосиф Ничевски заминала на печалба најпрвин пет години да живее и во Вулунгонг, Австралија.

 Од таму понела многу добри спомени, оти, како што велеше, таму им било како во Преспа: долу море и плажа, како крај Перспанското Езеро, горе планина и високи дрвја, зеленило и убавина, како на Пелистер. Од 1969 година се загнездиле во Торното, заминале во втората печалбарска земја, но Македонија не ја заборавија.

Родното место на Сандра и Јосиф Ничевски - Љубојно се наоѓа во пазувите на Баба Планина, недалеку од Преспанското Езеро, на македонска земја, а само неколку километри северно од границата жто ја дели етничка Македонија. Тоа е типично македонско, преспанско, печалбарско место од кое, како и од голем број села под Пелистер и од кај Преспанското Езеро многумина заминале од своите родни дедовски огништа и се задомиле на сите континенти во светот.

Љубојно, своето име го добило од зборот љубов. Така вели легендата. Поточно, многу одамна се вљубиле момче и девојка. Тие живееле во две соседни населби на повисоките предели на селскиот атар, но поради лошите соседски односи на жителите на населбите, не смееле да се земат. Меѓутоа, љубовта била многу посилна и тие се зеле и побегнале во рамничарскиот дел - во близината на Стара Река каде и останале среќно да живеат. Подоцна во близина на местото на вљубените се доселиле и други семејства. Во чест на вљубените младенци местото го нарекле Љубојно.

Ова е само легенда за Љубојно – љубовта на Сандра и Јосиф Ничевски, која ја прераскажуваат постарите љубанчани. Но, таа легенда се потврдува со фактот што Љубојно, односно жителите на овој питом преспански и македонски крај имаат љубов; љубов кон родниот крај, кон Татковината, природата, љубов кон убавото и кон се‘ она што значи напредок, иднина...  Според кажувањата на постарите, таму секогаш живееле вредни и честити Македонци, христијани кои фанатички ја бранеле и ја чувале верата и нацијата. А и сега тие тоа го изразуваат особено на илинденското празнување, кое се одржува секоја година токму на Илинден, на празникот над празниците.

Карактеристично за Љубојно е тоа што таму на 8 и 9 септември 1943 година била формирана првата слободна територија во Преспа, за потоа да започне првото училиште во Преспа на македонски јазик Веднаш по Втората светска војна и ослободувањето, Љубојно прилегаше на градска населба; имаше Дом на културата, кино сала, парк, осумгодишно училиште, библиотека, потоа бројни трговски и занаетчиски дуќани. Таму активни беа 14 чевларски работилници, 8 дуќани за широка потрошувачка и текстил, 5 кафеани, 6 дрводелски работилници, две фурни за леб, 4 шивачки работилници, 8 воденици, две ковачници, берберница и др.. Сето тоа зборува за напредокот на Љубојно во минатото.

Меѓу нив со години на Илинден доѓале и селениците Сандра и Јосиф Ничевски. Тие беа доблесни Македонци кои беа познати и признати во новата средина, но тие постојано зборуваа дека се силно врзани со родната земја Македонија и со нивната втора татковина Канада. Се чувствуваа како да се растргнати меѓу овие две татковини, бидејќи речиси секоја година одеја во Македонија и се враќаа во Канада, каде како пензионери ги поминуваа старечките денови.

Сандра и Јосиф Ничевски, родителите на авторот на овие редови имаа активен живот во македонската колонија во метрополата Торонто. Така, покрај другото, тие беа членови на МПЦ „Свети Климент Охридски“ од Торонто и на „Свети Илија“ од Мисисага, на Црковниот хор, на „Обединети Македонци“, како и на Здружението на борците на НОВ во Македонија кои живеат во Канада, а кое својата активност ја развива во рамките на Канадската кралска лига на ветераните. И како членови на овие асоцијации, тие неколкупати биле во состав на Илинденските и други делегации на прославите на големите јубилеи на македонскиот народ.

Пензионерите Јосиф и Сандра Ничевски, кои живееја во потесното подрачје на Торонто, познати беа меѓу Македонците, пред сè, поради нивната трудољубовист, честитост, искреност и љубов кон сè што е македонско. Исто така, тие пројавиле значајна активност во животот и работата во новата средина.

Сандра (1920-1998), пак, беше благородна старица со бела коса, разговорлива, бистра и со големи мајчински чувства и со љубов кон својот род. Таа особено беше активна во Женската секција, во почетокот во рамките на „Свеви Климент“, а потоа и во Женската секција на „Свети Илија“. А заедничка карактеристика за овие иселеници беше тоа што тие беа вљубеници во македонските обичаи и традиции донесени од Македонија во новата средина. Тие беа побожни и имаа силни чувства и почит кон верските обичаи, црковното живеење и воопшто кон македонската христијанска вера. Во целото нивно живеење во новата средина секогаш беа подготени и меѓу првите помагаа во црковните и националните активности. Дури Јосиф два мандатни рокови бил член на управата на „Свети Климент“, а ја платил таканаречената „Златна лопата“ од поставувањето на камен-темелникот на „Свети Илија“.

Баба Цана, како многумина ја викаа Сандра, знаеше да каже дека тие се  на половина пат, ни во Канада, ни во Македонија.  Кога биле во Канада, мислиме им биле за семејството во Македонија, а кога биле во Македонија, мислите им се враќале назад. Таа велеше дека со телото се во демократска Канада, а со мислите кај своите во Љубојно, Скопје, Охрид, Битола...

Меѓутоа, секоја средба со Татковината, нивните најбилиски, пријателите, со родното место како да им даваше нови сили за живот, а нив тоа навистина им беше потребно во туѓина. Многу им беше мило и особено беа горди што им се исполни вековната желба да имаат своја самостојна македонска држава. Затоа, можеби тоа беше причината за нивниот печалбарски копнеж да живеат во Канада и како нивните родители да остават вечен дом за поколенијата во родното Љубојно, во Македонија.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.